Со две дипломи, проси за леб

so-dve-diplomi-prosi-za-leb-povekjeЗагрепската полиција го уапси Ивица Галиќ кој проси на улиците на Загреб затоа што не може да најде работа иако има две факултетски дипломи.


37 годишниот дечко е приведен по четврти пат заради нарушување на јавниот ред и мир.

Овој дипломиран економист има и диплома од информатика, а откако ја загубил постојаната работа, принуден е да проси за да преживее.

Чукав на разни врати, се обидував да најдам работа – безуспешно. Секогаш се трудев моето школување да биде што подобро и еве каде ме донесе сето тоа.“ - раскажува Галиќ кој секој ден во 10 часот на духовит начин се обидува да измоли по некоја паричка од минувачите.

Ве молам за помош! Ми требаат 10.000 куни за да го поправам мојот вселенски брод и да одам дома, а во меѓувреме морам да се прехранам себе си и својата девојка (а, колку само она јаде – боли глава!“ – пишувало на неговиот последен транспарент.

По објавувањето на оваа приказна во хрватските медиуми, една фирма веќе му понудила работа, а и понатаму стигнуваат нови понуди.

Со оглед на тоа дека е приведен, сè уште не знае дека среќата му се насмевнала. Можеби ова му било и добра тактика да се продаде.

so-dve-diplomi-prosi-za-leb

Би можело да ве интересира:

Фотки од последното летување на принцезата Дијана – далеку од кралските правила, ужива во ретки моме... Стилска, безгрижна и совршена без разлика дали е во костим за капење или облека ...
Милионер краде капа која тенисер му ја дава на дете по победата на US Open - јавноста згорозена (вид... „Прво украде од дете, па се фалеше со тоа, а потоа почна да се заканува со тужби...
„Дадов отказ, се разведов и се преселив во Италија да се пензионирам - сопругот не сакаше живот луда... „Во 2017 година бев на животна раскрсница… Многу луѓе што ги познавав умираа и п...
Елитата плаќа и до 300.000 евра за бегство од Дубаи – зошто инфлуенсерите тврдат дека сè е во ред? Ако некој каже или сподели нешто што ќе ја наруши репутацијата на Дубаи или Емир...
Нови правила за инфлуенсерите во Дубаи, каде работат и многу Македонци - мора да извадат посебна доз... Во Обединетите Арапски Емирати, вклучено и Дубаи, се менуваат правилата за инфлу...
„Дома е каде што е срцето“ – Меланија Трамп првпат внесе топлина во божиќното украсување на Белата к... „Меланија се надминала себеси овој пат“ – во првиот мандат на Трамп, Меланија бе...

Најчитани неделава