„Дома е каде што е срцето“ – Меланија Трамп првпат внесе топлина во божиќното украсување на Белата куќа (фото+видео)
- Детали
- вторник, 02 декември 2025
„Меланија се надминала себеси овој пат“ – во првиот мандат на Трамп, Меланија беше критикувана за декорациите, но оваа година сите ја пофалија и се задоволни од топлата атмосфера и елегантното божиќно украсување на Белата куќа.

Минатата година Џил Бајден за последен пат ја украси Белата куќа, а сега Меланија Трамп повторно ја доби оваа улога.
Во претходниот мандат на Трамп, таа беше критикувана за изборот на декорации, но оваа година се оправда и влезе топлина и хармонија во Белата куќа, за што доби и пофалби.

За Божиќ 2025, темата е „Дома е каде што е срцето“, а за инспирацијата таа вели:
„Постојаното движење ме научи дека домот не е само физичко место, туку топлина и комфор што ги носиме во себе, независно од околината.
Овој Божиќ, ајде да ја славиме љубовта што ја чуваме во себе и да ја споделиме со светот околу нас.

Каде и да сме, може да создадеме дом кој ќе зрачи, исполнет со бесконечни можности“.
Погледнете го видеото:
Венчиња со црвени панделки на прозорците, 50 божиќни елки, 200 метри гирланди и 10.000 пеперутки ги полнат ходниците и собите на Белата куќа со празнична топлина.
„Меланија се надминала себеси оваа година“ / „Ни требаше оваа елеганција по циркузот на Бајден“ – пишуваат Американците со пофалби за првата дама.

Погледнете ги фотките:










M. M. | Црнобело