Потрошила 940.000 евра на пластични операции и се кае: „Преубава сум, но мажите ме гледаат како трофеј“

Бразилката досега направила три операции на носот, четирипати правела липосукција, го отстранувала масното ткиво од усните и ги поткревала, имала три операции за зголемување на градите, четири операции за отстранување на масното ткиво од вратот и ребрата, но не застанува тука.

potroshila-skoro-1-milion-evra-na-plastichni-operacii-no-zhali-za-toa-preubava-sum-mazhite-me-gledaat-kako-trofej-01.jpg

Бразилската манекенка и инфлуенсерка Жанаина Празерес потрошила скоро 1 милион евра на пластични операции (940.000е), но вели, сега е толку убава, што мажите ја гледаат како трофеј, а не како жена со која би сакале да се во врска или во брак.

35-годишната Бразилка, првата операција ја направила на само 18 години.

И иако е задоволна од изгледот, таа честопати вели дека убавината е проклетство, а не благослов.

„Луѓето од мене очекуваат да сум беспрекорна цело време, а ако имам и мал недостаток, веднаш ме критикуваат.

Ако објавам фотка без шминка, ми пишуваат дека не личам на себе, како да сум сосема друга личност и дека не сум убава.

Мојот изглед стана мојот затвор“, вели манекенката.

Сепак, норвешкиот „Плејбој“ ја прогласи за совршена жена поради нејзините пропорции на телото.

Таа дури и се најде на насловната страница на овој магазин за мажи.

Жанаина признава дека не била отсекогаш вака убава, иако била слатка и симпатична девојка.

Таа досега направила три операции на носот, четирипати правела липосукција, го отстранувала масното ткиво од усните, ги поткревала усните, имала три операции за зголемување на градите, четири операции за отстранување на масното ткиво од вратот и ребрата.

potroshila-skoro-1-milion-evra-na-plastichni-operacii-no-zhali-za-toa-preubava-sum-mazhite-me-gledaat-kako-trofej-03.jpg

Вели и дека става ботокс на секои три месеци и дека направила уште неколку помали зафати, но и дека не планира да заврши тука.

„Следна е операцијата за поткревање на задникот и тоа ќе ме чини околу 100.000 евра.

Сепак, убавината не ме дефинира како жена. Мојот карактер е многу поинаков од она што луѓето мислат.

Денес ме гледаат како трофеј, но се надевам ќе запознаам маж кој ќе ја цени мојата внатрешна убавина“, вели таа.

potroshila-skoro-1-milion-evra-na-plastichni-operacii-no-zhali-za-toa-preubava-sum-mazhite-me-gledaat-kako-trofej-03_copy.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...

Најчитани неделава