„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“
- Детали
- петок, 27 септември 2024
Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодарение на парите од татко ѝ, и дава лош пример за младината на ТикТок.
Клои Бет (21) живее во Сингапур и вели дека води живот од соништата благодарение на татко ѝ кој поседува успешна компанија од сферата на финансиите.
Таа вели дека уште на првиот роденден за подарок добила дизајнерска чанта од татко ѝ и дека тој уште како мала ѝ дал кредитна картичка без лимит, со која ќе може да си купи сè што ќе посака.
Клои вели дека е благодарна за животниот стил кој го води, но дека не е разгалена.
„Можам да потврдам дека татко ми ми ги плаќа сите трошоци, како за образование, така и за шопинг и забави, а парите што ги заработувам јас преку ТикТок одат во мојата заштеда.
Јас не сакам да ги користам моите пари, туку парите на татко ми и навистина сум му благодарна за тоа.
Немам лимит на картичката, односно лимитот е кога еден од моите родители ќе се налути поради моето прекумерно трошење.
Исто така, во животот никогаш си немам приготвено ниту еден оброк“.
Многумина ги разлутија овие изјави на Клои, а дел, пак, се шегуваат дека посакуваат татко ѝ на Клои да ги посвои.
Погрешен пример за младината кој се промовира на ТикТок, зарем не?
Како Клои се фали со парите на Инстаграм на следната страница...
Би можело да ве интересира:





