Вознемирувачко видео: Мигрант во Шпанија удри бебе, па се закани: „Следниот пат ќе ја убијам“

Мигрант од Еквадор е уапсен откако нападнал брачен пар со бебе во Шпанија. Видеото на кое му удира шлаканица на бебето вирално се шири на социјалните мрежи, а мажот се заканува дека следниот пат ќе му го одземе животот на девојчето.

sledniot-pat-kje-ja-ubijam-video-od-migrant-kako-udira-so-shlakanica-bebe-vo-shpanija-01.jpg

Светската јавност е згрозена од видеото што вирално се шири на социјалните мрежи, а на кое што се гледа како мигрант му удира шлаканица на мало бебе во Шпанија.

Парот со бебето биле туристи од Франција, кои шетале низ паркот Montjuik во Барселона.

Инцидентот се случил во неделата (06.10), а на видеото што масовно се шири се гледа како мигрантот вика на парот, а потоа го удира бебето.

Во моментот додека таткото се обидува да се тргне и да ја заштити ќерката, се слуша мигрантот како му вели на шпански:

„Следниот пат ќе ја убијам“.

sledniot-pat-kje-ja-ubijam-video-od-migrant-kako-udira-so-shlakanica-bebe-vo-shpanija-05.jpg

Според шпанските медиуми, напаѓачот бил уапсен набрзо по инцидентот, а се верува дека истиот ден извршил уште два слични напади.

sledniot-pat-kje-ja-ubijam-video-od-migrant-kako-udira-so-shlakanica-bebe-vo-shpanija-04.jpg

Освен девојчето, мигрантот нападнал и 60-годишен маж кој се здобил со посекотини на лицето.

Инаку, напаѓачот е идентификуван како Хенри РЦ, 31 годишен маж со потекло од Еквадор.

sledniot-pat-kje-ja-ubijam-video-od-migrant-kako-udira-so-shlakanica-bebe-vo-shpanija-03.jpg

Засега нема точни информации од кои причини мигрантот вршел агресивни напади врз туристите.

Но, деновиве во Шпанија има масовни протести против големиот број туристи кои што ја посетуваат земјата.

Протестите се држат на местата што најчесто се посетени од туристите, како што е и паркот каде што се случил нападот.

Погледнете го видеото во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Родив многу големо бебе: На 4 месеци тежи 10 килограми, ме критикуваат, но докторите ми велат дека ... Млада Мајка се соочи со критики откако го покажа своето 4-месечно бебе кое тежи ...
Вирално видео: Жена во Турција „за влакно“ ќе беше удрена од трамвај, маж од обезбедување ја спасува На камера е уловен моментот кога жена тргнува по шините за трамвај, а маж од обе...
Туристка ја разгневи јавноста: Зафати 8 лежалки на базен во Шпанија, па отиде на појадок со семејств... Туристка се соочи со критики за видеото од нејзиниот одмор во Шпанија. Таа се по...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Нов бизарен потег на Трамп - не ѝ ја пушта раката на Брижит Макрон при ракување 13 секунди (вирално ... Во една пригода Трамп зборуваше дека Брижит се однесува „исклучително лошо“ кон ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...

Најчитани неделава