Куба опустошена од природни катастрофи – по ураганите, земјотрес со јачина од 6,8 степени (фото+видео)

По двата урагани од крајот на октомври и почетокот на ноември, сега жителите на Куба се соочени од пустошот предизвикан од земјотрес со јачина од 6,8 степени.

kuba-opustoshena-od-prirodni-katastrofi-po-uraganite-zemjotres-so-jachina-od-6-8-stepeni-foto-video-01.jpg

По ураганот Рафаел што ја погоди Куба минатата недела, викендов островската земја се соочи и со разорен земјотрес.

Ураганот предизвика проблеми во електричната мрежа на земјата, па околу десет милини луѓе останаа без струја.

Покрај тоа, ураганот предизвика и голема материјална штета, но за среќа нема загинати.

Претходно, кон крајот на октомври, дел од Куба беше опустошен од уште еден ураган – Оскар – кој исто така предизвика проблеми со електричната мрежа.

А, дотогаш локалците веќе се соочуваа со недостаток од струја поради енергетската криза во земјата.

Иако овој ураган беше послаб, сепак загинаа шест лица.

И, додека земјата закрепнува од ураганите, во неделата (10.11) беше погодена и од земјотрес со јачина од 6,8 степени.

Земјотресот најсилно бил почувствуван во источните делови на островот, вклучувајќи го и градот Сантјаго де Куба.

Според CNN, штетата уште се утврдува, но познато е дека има уништени градби, а земјотресот предизвикал и свлекување на земјиштето во некои области. Засега не е познато дали има жртви и повредени.

Според експертите, земјотресот иако јак, не претставува закана за цунами, единствено можеби поголеми бранови во близина на епицентарот.

Фотографии и видеа од земјотресот споделени на Твитер:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цели градови под вода на Јамајка, по една од најсилните бури во историјата – ураганот Мелиса (фото+в... Ураганот Мелиса ја погоди Јамајка со пороен дожд и ветар со брзина од над 290 ки...
Земјотрес од 6,9 степени на Филипини: Девојки панично бегаат од натпревар за убавина, деца загинале ... Поради земјотресот на Филипини има 69 загинати и речиси 150 повредени а надлежни...
Зимска бајка во Исланд среде октомври – падна 27cm снег, децата се лулаат, поларната светлина е маги... Куќите и дрвјата се затрупани во снежна покривка, децата се лулаат на игралишта ...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
Застрашувачки видеа од земјотресот на Филипините со јачина од 7,8 степени – постои и опасност од цун... Јужниот дел од Филипините беше погоден од силен земјотрес во кој има и жртви – з...
„Знаеме кој нè штити“: OAE плаќаат престој и храна за 20.000 заглавени туристи – жителите ги возвишу... „Така се прави тоа“, „Се чувствуваме безбедни зашто знаеме какви лидери се на че...

Најчитани неделава