„Од Англија се преселив во Бугарија – конечно си ја купив куќата од соништата“ (видео)

Британка која со семејството се преселила во Бугарија вели дека платила 26.000 евра за нејзиниот нов дом и дека е пресреќна што конечно може да ја има куќата од соништата – нешто што би било невозможно во Англија.

od-anglija-se-preseliv-vo-bugarija-konechno-si-ja-kupiv-kukjata-od-sonishtata-video-01.jpg

Трошоците за живот се зголемуваат насекаде низ светот, но кога некој од земја со висок животен стандард ќе дојде, на пример, на Балканот, сè му изгледа многу евтино.

Британката Дона Харди од Англија, заедно со сопругот и трите деца, се преселила во Бугарија и вели дека сега конечно може да си ја дозволи куќата од соништата.

43-годишната Дона и семејството купиле куќа во близина на градот Велико Трново во североисточниот дел на Бугарија, а вели дека платиле само 26.00 евра.

Во ТикТок видео кое има над 1 милиони прегледи, таа открива дека куќата има и огромен двор.

„Зад големата куќа има друга, како мини куќа, има голема штала…

Исто така имаме гаража, заедно со земјиште со површина од околу 4.000 метри квадратни“.

https://www.tiktok.com/@donnahardy2181/video/7435189870449921312

Таа споделува и други видеа на кои ја покажува внатрешноста на куќата.

Очигледно е дека на куќата ѝ е потребно реновирање, и Дона истакнува дека планираат да реновираат сè откако ќе помине Божиќ, иако веќе почнале со работа на некои ситници.

https://www.tiktok.com/@donnahardy2181/video/7435363840604343584

Во коментари, каде што доминираат Британци, корисниците се зачудени од цената на куќата, кога ќе се земе предвид нејзината големина.

„Тоа е евтино! Во Бристол, Англија, за таа сума можеш да си купиш само влезна врата“.

„Смешно ми е бидејќи јас сум од Бугарија, но купив куќа во Лондон за огромна сума… Требаше да си останам дома“.

Повеќе видеа од домот на Дона во Бугарија:

https://www.tiktok.com/@donnahardy2181/video/7434933900184522017

https://www.tiktok.com/@donnahardy2181/video/7434899021048679712

https://www.tiktok.com/@donnahardy2181/video/7434489351456820512

https://www.tiktok.com/@donnahardy2181/video/7436434224770583841

https://www.tiktok.com/@donnahardy2181/video/7436392591358184737

https://www.tiktok.com/@donnahardy2181/video/7435697987776433441

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава