Најубавата жена на светот е од Данска - Запознајте ја Мис Универзум 2024 (фото)
- Детали
- понеделник, 18 ноември 2024
Русокоса победи на Мис Универзум првпат во 20 години, а најубавата жена на светот е и професионална танчарка.

Викторија Кјер Талви (21) од Данска победи на Мис Универзум 2024 година, кое беше 73-то издание на овој престижен натпревар и се одржа во Мексико.
Таа победи во конкуренција од 120 девојки од цел свет и е првата жена од Данска што успеала да ја освои оваа титула.


Инаку, Македонија на овој избор ја претставуваше Теа Ѓоргиевска од Куманово, која откри дека на Мис Универзум во Мексико имала незаборавно искуство и дека е благодарна за сите луѓето кои ги запознала и ѝ ја направиле оваа авантура незаборавна.
Неколку факти за Викторија:
Викторија вели дека сонувала да стане мисица уште на 5-годишна возраст.

На 17 години таа за првпат се пријавила на Избор на мис на Данска и добила титула втора придружничка.

Како Мис Универзум на Данска беше крунисана во септември, два месеци пред светскиот избор.

Ја интересира бизнис, маркетинг и продажба на дијаманти, а сонува да студира на Харвард.

Се има натпреварувано и на светски првенства во танц.

Постојано зборува за менталното здравје, бидејќи потекнува од семејство каде имало проблеми со дрога и од каде носи трауми.

Јавно зборува и се бори за правата на животните.

Таа е прва русокоса девојка, што победи на овој натпревар по 20 години. Во 2004-та победи русокосата Џенифер Хокинс од Австралија.

Повеќе фотографии од Викторија, најубавата жена на светот во 2024, на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“
По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме
Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“
„Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата
„Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел...
Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ...
Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...