Љубовната приказна на Доналд и Меланија Трамп: Помлад е една година од нејзината мајка, ја запроси со прстен од 1,5 милиони долари

Се запознале далечната 1998-ма додека Доналд сè уште бил во брак, а се свршиле во 2004-та на Мет Гала. И покрај шпекулациите дека ќе се разведат, на 22 јануари тие прославија 20 години во брак. Претседателот и првата дама на САД имаат интересна љубовна приказна...

ljubovnata-prikazna-na-donald-i-melanija-tramp-pomlad-e-edna-godina-od-nejzinata-majka-ja-zaprosi-so-prsten-od-1-5-milioni-01.jpg

Откако Доналд Трамп беше назначен за 47. претседател на САД, и со сопругата Меланија се вратија во Белата куќа, тие се повторно во центарот на светските медиуми - и не само поради политиката на Трамп, туку и со нивниот приватен живот.

Она што привлекува најмногу внимание овие денови е нивната љубовна приказна.

Само два дена по инаугурацијата на Трамп (која беше на 20 јануари), тие на 22 јануари 2025, прославија две децении во брак.

Заедно го имаат синот Барон, кој е единственото дете на претседателот и првата дама на САД, но петто дете на Доналд, кој има 4 деца од претходните бракови.

Иако во интервјуа се поддржуваат еден со друг и велат дека се сакаат, во реалноста тоа делува многу поинаку - Меланија не му дозволува на Доналд да ја бакнува јавно (дури ни на инаугурацијата), а во минатото имало и ситуации во кои таа ја тргала раката во јавност, навидум лута на него.

И покрај тоа, тие се цели 20 години во брак, што е најдолгиот брак на Трамп.

ljubovnata-prikazna-na-donald-i-melanija-tramp-pomlad-e-edna-godina-od-nejzinata-majka-ja-zaprosi-so-prsten-od-1-5-milioni-12.jpg

Што знаеме за љубовта на Доналд и Меланија?

Се запознале во 1998 година на забава организирана од заеднички пријател.

Во тоа време Доналд бил во брак (но разделен од сопругата Марла Мејплс), а Меланија само што дошла во САД од Словенија и работела како модел.

ljubovnata-prikazna-na-donald-i-melanija-tramp-pomlad-e-edna-godina-od-nejzinata-majka-ja-zaprosi-so-prsten-od-1-5-milioni-02.jpg

Нејзините фотографии биле поставени на огромни билборди низ цела Америка.

ljubovnata-prikazna-na-donald-i-melanija-tramp-pomlad-e-edna-godina-od-nejzinata-majka-ja-zaprosi-so-prsten-od-1-5-milioni-13.jpg

На првата средба Меланија не била воодушевена од Доналд, па не му го дала својот телефонски број.

Но, му го побарала неговиот, и откако сфатила дека ѝ го дал приватниот број, а не од неговата канцеларија, го побараа и закажале прв состанок.

На Меланија не ѝ пречело што Доналд е многу постар од неа (24 години) и што е само една година помлад од нејзината мајка.

ljubovnata-prikazna-na-donald-i-melanija-tramp-pomlad-e-edna-godina-od-nejzinata-majka-ja-zaprosi-so-prsten-od-1-5-milioni-15.jpg

Во 1999 година Доналд се развел и тој и Меланија почнале сериозна врска, а таа се преселила во неговиот дом во Мар-а-лаго.

Парот раскинал на кратко, а Доналд, наводно, неколку недели ја молел да му се врати.

ljubovnata-prikazna-na-donald-i-melanija-tramp-pomlad-e-edna-godina-od-nejzinata-majka-ja-zaprosi-so-prsten-od-1-5-milioni-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја спореду... На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралица...

Најчитани неделава