Кит „проголта“ кајакар, па го исплука: „Мислев дека сум мртов“ (видео)

„Почувствував на лицето нешто лигаво и потонав. Во тој миг мислев дека ќе умрам“, раскажува 24-годишниот дечко кој случајно заврши во устата на грбав кит, но помина без никакви повреди.

kit-progolta-kajakar-pa-go-ispluka-mislev-deka-kje-umram-video-01.jpg

Минатиот викенд, 24-годишен дечко и неговиот татко биле на кајакарење во Чиле.

Во еден миг, дечкото бил проголтан од грбав кит, но за среќа китот веднаш го исплукал.

Сега се појави и видео од инцидентот.

kit-progolta-kajakar-pa-go-ispluka-mislev-deka-kje-umram-video-08.JPGГрбав кит

Во видеото што се споделува вирално се гледа 24-годишниот Адријан Симанкас во вода со својот кајак.

Во еден миг, на површината излегува грбав кит и го проголтува заедно со кајакот.

Само секунда-две подоцна, се гледа како Адријан излегува на површината.

kit-progolta-kajakar-pa-go-ispluka-mislev-deka-kje-umram-video.jpg

Во видеото, кое од CNN е потврдено дека е автентично, се слуша и татко му на Адријан кој го советува да се фати за кајакот.

Адријан поминал без никакви повреди, а за CNN даде и изјава за застрашувачкото искуство.

„Помислив дека ме изеде и ме проголта. Помислив дека можеби е орка кит. Зборувавме за нив претходно и мислев на тоа.

Но, кога излегов, сфатив дека веројатно китот ми се приближил од љубопитност…

На почетокот мислев дека сум мртов. Беше многу страшно бидејќи, помислив, не можам да направам ништо.

Кога излегов (на површината) бев исплашен дека нешто ќе му се случи и на татко ми. Се плашев и дека нема навреме да стигнеме до брегот и ќе добијам хипотермија“.

kit-progolta-kajakar-pa-go-ispluka-mislev-deka-kje-umram-video-06.JPGАдријан

Тој опишува и што видел додека бил во устата на китот, а излегол на површина благодарение на безбедносниот елек.

„Почувствував на лицето нешто лигаво, видов бои како темносина, бела, нешто ми се приближуваше и потонав.

Две секунди подоцна повторно бев на површината и почнав да сфаќам што се случува“.

kit-progolta-kajakar-pa-go-ispluka-mislev-deka-kje-umram-video10.JPGКако изгледа грбав кит кога се храни

Татко му, пак, почнал да снима бидејќи видел бранови кои му изгледале „возбудливо за кајакарење“.

„Потоа слушнав нешто како силен бран и кога се свртев, не можев да го видам ни Адријан, ни неговиот кајак.

Се загрижив и по три секунди го видов на површината, со кајакот до него“.

kit-progolta-kajakar-pa-go-ispluka-mislev-deka-kje-umram-video-07.JPGТаткото на Адријан

За CNN, експерт за китови истакнува дека китот сосема случајно го нападнал Адријан и дека тој не бил проголтан, туку само на секунда влегол во устата на китот.

„Адријан бил премногу блиску до китот кога тој се хранел (со широко отворена уста). Но, не го проголтал.

Овие животни не ловат плен со големина на луѓе. Немаат способност да изедат човек“.

Погледнете го видеото:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава