Ајкула ѝ ги одгризала рацете на жена на Туркс и Кајкос – наводно сакала да ја фотографира, очевидците негираат

На почетокот од февруари, Канаѓанка била нападната од ајкула на Туркс и Кајкос при што ги изгубила двете раце. Иако надлежните кажаа дека пробувала да се фотографира со ајкулата, очевидците тврдат дека нападот не бил провоциран.

ajkula-gi-odgrizala-racete-na-zhena-na-turks-i-kajkos-nadlezhnite-tvrdat-deka-sakala-da-ja-fotografira-ochevidcite-negiraat-01.jpg

Жена од Канада преживеала хорор на нејзиниот одмор на Туркс и Кајкос на почетокот од февруари.

Додека пливала во водата, ѝ се приближила ајкула која ѝ ги одгризала двете раце – едната до лактот, другата до зглобот од дланката.

55-годишната жена била во непосредна близина на брегот, каде водата ѝ достигнувала едвај до колковите, кога ајкулата ја нападнала.

Според нејзин роднина кој бил со неа на плажата, ајкулата прво удрила во нејзините нозе, почнала да плива околу неа, па ја гризнала за ногата.

„Потоа ајкулата повторно ја нападна, а таа ги стави рацете пред неа за да се заштити.

Но, ајкулата ѝ ги одгриза двете раце – едната кај лактот, другата кај зглобот на дланката“.

ajkula-gi-odgrizala-racete-na-zhena-na-turks-i-kajkos-nadlezhnite-tvrdat-deka-sakala-da-ja-fotografira-ochevidcite-negiraat-05.JPG

Штом сфатил што се случува, сопругот на жената истрчал да ѝ помогне – застанал меѓу неа и ајкулата и успеал да ја исплаши.

Во меѓувреме, жената излегла на брегот и изгубила свест.

На фотографии направени по инцидентот се гледа како жената беспомошно лежи на плажата, а околу неа има група луѓе кои пробуваат да го запрат крвавењето.

ajkula-gi-odgrizala-racete-na-zhena-na-turks-i-kajkos-nadlezhnite-tvrdat-deka-sakala-da-ja-fotografira-ochevidcite-negiraat-06.JPG

Веднаш пристигнала и брза помош и жената била пренесена во болница. Раните ѝ биле санирани и лекарите успеале барем да ѝ ја спасат ногата.

Според нејзиниот роднина, моментално жената е во Канада каде добива соодветна медицинска нега.

Надлежните известија дека жената пробувала да се фотографира со ајкулата и затоа била нападната.

Сепак, очевидците тврдат дека нападот воопшто не бил провоциран.

ajkula-gi-odgrizala-racete-na-zhena-na-turks-i-kajkos-nadlezhnite-tvrdat-deka-sakala-da-ja-fotografira-ochevidcite-negiraat-07.JPG

Нападите од ајкули се ретки на Туркс и Кајкос и во 2024-та бил забележан само еден и не бил фатален.

Претходно, во 2023-та, имало уште еден напад во кој 22-годишна девојка го загубила стапалото бидејќи брзата помош не пристигнала навреме.

Според Daily Mail, иако покрај брегот на Туркс и Кајкос живеат неколку видови ајкули, нападите се особено ретки.

ajkula-gi-odgrizala-racete-na-zhena-na-turks-i-kajkos-nadlezhnite-tvrdat-deka-sakala-da-ja-fotografira-ochevidcite-negiraat-03.JPG

Генерално, нападите од ајкули ширум светот не се така чести – во 2024-та биле регистрирани само 47 непровоцирани напади.

Во меѓувреме, братот на сопругот на нападнатата Канаѓанка започнал и кампања на Go Fund Me за да се соберат пари кои ќе помогнат во нејзиното лекување.

„Мојот брат 30 години служеше во канадската армија… Ѝ служеше на нашата земја со гордост, па сега нам ни е редот да помогнеме.

Ова е нешто што целосно им го промени животот. Ве замолувам, ако можете, ве молам да им помогнете“, пишува на објавата на кампањата.

ajkula-gi-odgrizala-racete-na-zhena-na-turks-i-kajkos-nadlezhnite-tvrdat-deka-sakala-da-ja-fotografira-ochevidcite-negiraat-04_copy.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...

Најчитани неделава