Заглавените астронаути се вратија на Земјата: Не можат да одат сами, може да имаат проблеми со срцето и видот

Втора фаза

Штом ќе ги зајакнат мускулите, астронаутите ќе работат на подобрување на координацијата на телото со вежби како стоење на една нога.

Исто така, ќе имаат кардио тренинзи, како трчање, со цел да си ја вратат издржливоста.

zaglavenite-astronauti-se-vratija-na-zemjata-ne-mozhat-da-odat-sami-mozhe-da-imaat-problemi-so-srceto-i-vidot-04.JPG

Трета фаза

Третата фаза која обично е најдолга има за цел да ги врати астронаутите во состојбата во којашто биле пред да одат во вселената.

Ова може да вклучува поинтензивни вежби.

Повеќето астронаути ја завршуваат третата фаза по 45 дена, но ако има потреба, таа се продолжува за неколку недели, па и месеци.

Некои астронаути никогаш нема целосно да закрепнат од долгиот престој во вселената.

zaglavenite-astronauti-se-vratija-na-zemjata-ne-mozhat-da-odat-sami-mozhe-da-imaat-problemi-so-srceto-i-vidot-14.JPG

Со какви потенцијални проблеми се соочени Сунита и Бери откако се вратија?

Еден од најголемите проблеми за астронаутите се драстично ослабените мускули.

Иако тие секојдневно вежбаа на Меѓународната станица, на телото му е потребна земјената гравитација за да функционира оптимално.

Истражувањата покажале дека астронаути на возраст помеѓу 30 и 50 години, губат околу половина од нивната сила по шест месеци во вселената.

Сунита има 59 години, додека Бери веќе има 62 години, што значи ќе треба да работат понапорно.

zaglavenite-astronauti-se-vratija-na-zemjata-ne-mozhat-da-odat-sami-mozhe-da-imaat-problemi-so-srceto-i-vidot-03.JPG

Покрај мускулите, ниската гравитација има влијание и врз кардиоваскуларниот систем.

Во микрогравитација, кардиоваскуларниот систем не мора да работи толку напорно како на Земјата за циркулацијата на крвта, па по неколку месеци, може да се намали неговата функција.

Овде е и вселенската радијација – за само една недела на Станицата, астронаутите се изложени на зрачење колку за една година на Земјата.

zaglavenite-astronauti-se-vratija-na-zemjata-ne-mozhat-da-odat-sami-mozhe-da-imaat-problemi-so-srceto-i-vidot-15.JPG

Уште се истражуваат долгорочните ефекти на вселенската радијација, но јасно е дека може да го зголеми ризикот од разни проблеми со здравјето.

Може да се јават и проблеми со кожата поради алергени на станицата, но и поради ослабениот имунолошки систем.

Долгите вселенски мисии имаат влијание и врз видот, повторно поради микрогравитацијата.

zaglavenite-astronauti-se-vratija-na-zemjata-ne-mozhat-da-odat-sami-mozhe-da-imaat-problemi-so-srceto-i-vidot-02.JPG

Сунита и Бери поминаа девет месеци во вселената – многу повеќе од вообичаените мисии кои се сметаат за долги.

Па, нивното закрепнување може да биде поразлично и да трае подолго.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
Жена со бизарна зависност да има што поголеми усни - става филери на 2 седмици, не може да ја затвор... Првата корекција на усните ја направила на 18 години и не сопрела оттогаш. Троши...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg