Девојче (3) било киднапирано во Мексико, но не заборавило на вистинските родители и по 27 години ги нашло
- Детали
- сабота, 03 мај 2025
Хуана била грабната за рака од непознат човек и одведена во куќа каде имало 3 мали момчиња, за кои ѝ рекле дека ѝ се браќа. Но, таа не ја заборавила мислата дека е одделена од вистинските родители.

Во трогателна средба во 2022 година, Лорена Рамирез повторно се соединила со својата ќерка Росио, поранешно позната како Хуана Бернал Рамирез, 27 години по нејзиното киднапирање од парк во Мексико Сити.

Хуана, тогаш само тригодишна, исчезнала од паркoт „Боске де Чапултепек“ во 1995 година, додека нејзиното семејство престојувало таму.

Како тригодишно дете, Хуана успеала да запамети доволно детали од тој судбоносен ден, кои длабоко ѝ ја вкорениле мислата дека е одделена од своите вистински родители.

„Се сеќавам дека за миг ја пуштив раката на моите родители и некој ме фати за зглобот,“ раскажува таа.
„Потоа се разбудив во непозната куќа со три млади момчиња и ми рекоа дека тие ми се браќа“.

Охрабрена од својот сопруг, како 30-годишна жена Хуана започнала да пребарува онлајн по исчезнати деца и на крајот нашла фотографија од себе како мало дете.

Откако започнала кампања на социјалните мрежи, ја препознала една од нејзините биолошки сестри.
Семејството се соединило во 2022 година, при што Лорена не само што повторно ја прегрнала својата одамна изгубена ќерка, туку и своите две внучиња.

Парот одговорен за киднапирањето бил уапсен во март 2023 година.

С. С. | Црнобело