„Платив 6.000 долари за хормонски имплант за убавина – ја изгубив косата и си го загрозив здравјето“

Бразилка која работи како модел си ставила хормонски имплант кој бил рекламиран како „чип за убавина“. Но, наместо да се разубави, постојано била подуена, косата почнала да ѝ паѓа и си го загрозила целото здравје.

plativ-6-000-dolari-za-hormonski-implant-za-ubavina-ja-izgubiv-kosata-i-si-go-zagroziv-zdravjeto-01.jpg

Во ерата на социјалните мрежи, кога постојано сме бомбардирани со фотографии и видеа од совршени девојки и жени, нормално е многумина да бидат загрижени за својот изглед.

Од една страна, навистина е добро што водиме подобра грижа за изгледот, а со тоа и здравјето.

Но од друга, проблем е што некои девојки и жени одат до екстреми и дури си го ризикуваат здравјето за убавина.

Во оваа категорија спаѓа плејбој моделот Џанаина Прасерес од Бразил.

plativ-6-000-dolari-za-hormonski-implant-za-ubavina-ja-izgubiv-kosata-i-si-go-zagroziv-zdravjeto-4.JPG

35-годишната Бразилка си ставила имплант, познат како „чип за убавина“ и потрошила речиси 6.000 долари за процедурата.

Имплантот е рекламиран како уред кој го поттикнува слабеењето, ги обликува мускулите, го забавува стареењето, па дури и ги ублажува симптомите на менопауза.

„Чипот за убавина“ се прослави во Бразил, но набрзо беше забранет поради опасните несакани ефекти.

А, Бразилката ги чувствувала овие последици, дури и откако го отстранила чипот.

plativ-6-000-dolari-za-hormonski-implant-za-ubavina-ja-izgubiv-kosata-i-si-go-zagroziv-zdravjeto-02.JPG

Овие импланти честопати содржеле хормони kако тестостерон и естроген, што значи можат сериозно да ја нарушат рамнотежата на хормоните во телото.

Џанаина го ставила имплантот со надеж дека ќе ѝ помогне да го зацврсти своето тело, но и за да биде поубава.

Но, кратко по ставањето во 2018 година, почналa да чувствува последици.

„Исходот беше спротивно од она што очекував. Чипот може да предизвика преголемо количество на одредени хормони, но и да доведе до проблеми со бубрезите, паѓање на косатa и инфекции во областа на гениталиите“.

plativ-6-000-dolari-za-hormonski-implant-za-ubavina-ja-izgubiv-kosata-i-si-go-zagroziv-zdravjeto-03.JPG

Откако го ставила имплантот, речиси постојно се чувствувала подуено, а истакнува и дека нагло ѝ се зголемил апетитот.

„Бев очајна, се чувствував ужасно и се обвинував бидејќи не се откажав порано. Но, верував во лажно ветување за убавина“.

На Бразилката почнала да ѝ паѓа и косата, но уште се надевала дека имплантот ќе почне да функционира.

„Инсистирав да го имам уште две и пол години. Но, потоа почнав да имам чести уринарни инфекции, па дури ми се создадоа камења во бубрезите поради вишокот хормони“.

plativ-6-000-dolari-za-hormonski-implant-za-ubavina-ja-izgubiv-kosata-i-si-go-zagroziv-zdravjeto-5.JPG

Кога решила да оди на лекар, ѝ кажале дека има преголемо количество тестостерон, како и дека ѝ е нарушена целата хормонална рамнотежа во телото.

Лекарот ја предупредил дека ако не го отстрани имплантот, може да биде невозможно да се врати во нормала.

Во меѓувреме, моделот вели дека престанала и со работа бидејќи изгледала ужасно.

Таа го отстранила имплантот во 2022-ра, но додава дека до денес чувствува последици.

„Менструацијата уште не ми е редовна и дури сега почна да ми се подобрува состојбата на косата“.

Вели и дека ја споделува својата приказна како предупредување за другите девојки и жени.

„Сега воопшто не би го препорачала имплантот бидејќи е ризик за животот, здравјето и самодовербата.

Нема ништо подобро од тоа да се грижите за себе и да го почитувате вашето тело“.

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
„Маж ми 18 години е заглавен во најстрашниот затвор во Дубаи – условите се ужасни, имаше и туберкуло... „Условите се ужасни. Исхраната е лоша и немаат никаква физичка активност. Рајан ...
Најстарата жена во светот има 116 години: Се родила кога владеел пра-прадедото на кралицата Елизабет... Со своите 116 години, Етел од Англија е најстарата жена во светот. Се родила пре...
„Потрошив 100.000 долари на пластични операции, но сега го враќам природниот изглед – мислеа дека су... Ријалити ѕвезда од Бразил станал зависна од пластични операции откако се пресели...

Најчитани неделава