Детали за хеликоптерот кој се сруши во Њујорк: Загина семејство со 3 деца, биле на одмор и го разгледувале градот

„Имаше многу силен звук и видов како нешто се открши од хеликоптерот. Се движеше многу брзо и само падна во водата“ – велат очевидци за страшната несреќа во која загина директорот на Siemens во Шпанија, заедно со неговата сопруга и децата, додека правеле разглед на градот за време на одморот во Њујорк. 

detali-za-helikopterskata-nesrekja-vo-njujork-roditelite-so-3-te-deca-doshle-na-odmor-od-shpanija-go-razgleduvale-gradot-01.jpg

Вчера (10.04) во реката Хадсон во Њујорк се сруши хеликоптер при што загина петчлено семејство со три деца.

Покрај семејството, во хеликоптерот бил и пилотот кој исто така загинал.

Меѓу загинатите е Агустин Ескобар – извршниот директор на огранокот на Siemens во Шпанија, неговата сопруга и нивните три деца на возраст од 4, 5 и 11 години.

Пилотот кој управувал со хеликоптерот бил на возраст од 36 години.

detali-za-helikopterskata-nesrekja-vo-njujork-roditelite-so-3-te-deca-doshle-na-odmor-od-shpanija-go-razgleduvale-gradot-06.JPG

Бизнисменот и неговото семејство, кои живееле во Барселона, пристигнале во Њујорк утрото во четврток, а попладне платиле за панорамска тура со хеликоптер низ Њујорк.

Најморничаво е што семејството среќно позирало пред и во хеликоптерот, непосредно пред несреќата.

detali-za-helikopterskata-nesrekja-vo-njujork-roditelite-so-3-te-deca-doshle-na-odmor-od-shpanija-go-razgleduvale-gradot-07.JPG

Хеликоптерот полетал околу 15 часот и се срушил околу 16 минути по полетувањето.

Некои очевидци велат дека го виделе како се скршил пред да падне во реката, додека некои велат дека слушнале и многу силен звук.

На видеата што се споделуваат на социјалните мрежи се гледа дека на хеликоптерот му се откршува пропелерот пред да падне во вода.

Еден од очевидците е 30-годишна девојка која ја видела несреќата од нејзиниот дом.

„Беше страшно. Мислев дека слушнав гром и 10 секунди подоцна го видов хеликоптерот како паѓа, па потона.

Испаничив и потоа видов уште едно делче од хеликоптерот како паѓа во водата. Во солзи се молев дека некој ќе ги спаси.

Посакував некој да преживее, многу сум тажна“, вели младата жена за Daily Mail.

И друг очевидец вели дека слушнал некој многу силен звук:

„Имаше многу силен звук и видов како нешто се открши од хеликоптерот. Се движеше многу брзо и само падна во водата… Не сум видел нешто слично досега“, вели тој за ABC.

Надлежните велат дека уште е рано да се тврди што ја предизвикало несреќата.

Но, сопственикот на компанијата која ги организира турите вели дека пилотот кажал дека немаат гориво.

„Пилотот се јави и ни кажа дека ќе слета за да наполни гориво. Требаше да стигне за околу три минути, но поминаа 20 минути и тој не се појави.

Тогаш добив повик од менаџерката која ми кажа дека имало несреќа и тогаш почнаа ми ѕвонат сите.

Потоа еден од моите пилоти леташе над реката Хадсон и го виде хеликоптерот превртен наопаку.

Смртта на дете, на кое било човечко битие, е огромна катастрофа“, вели сопственикот за The Telegraph.

detali-za-helikopterskata-nesrekja-vo-njujork-roditelite-so-3-te-deca-doshle-na-odmor-od-shpanija-go-razgleduvale-gradot-08.JPG

Според првичните изјави на полицијата во Њујорк, пилотот најверојатно изгубил контрола и паднал во реката.

Спасувачките екипи работеле до доцна во ноќта и излекувале остатоци од хеликоптерот, додека телата на патниците веднаш биле извлечени.

Четворица загинале на самото место, додека двајца им подлегнале на повредите подоцна.

detali-za-helikopterskata-nesrekja-vo-njujork-roditelite-so-3-te-deca-doshle-na-odmor-od-shpanija-go-razgleduvale-gradot-10.JPG

Загинатиот бизнисмен бил мошне успешен во својата земја и во 2022 година станал извршен директор на огранокот на Siemens во Шпанија.

Бил дипломиран индустриски инженер и долг период работел во енергетскиот сектор, пред да се вработи во Siemens.

detali-za-helikopterskata-nesrekja-vo-njujork-roditelite-so-3-te-deca-doshle-na-odmor-od-shpanija-go-razgleduvale-gradot-11.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава