Која е жената поради која папата Франциск се замонашил - Ѝ рекол ако не се оженам со тебе, ќе станам свештеник

Младиот Хорхе Марио Берголио, тогаш 12-годишен, се вљубил во својата сосетка Амалија Дамонте. Тој ѝ напишал писмо со цртеж и порака: „Ако не те оженам, ќе станам свештеник“... Тоа момче Хорхе потоа стана папата Франциск - еден од најсаканите папи на сите времиња.

koja-e-zhenata-poradi-koja-papata-francisk-se-zamonashil-i-rekol-ako-ne-se-ozhenam-so-tebe-kje-stanam-sveshtenik-na-koja-zhena-papata-francisk-i-rekol-ako-ne-se-ozhenam-so-tebe-kje-stanam-sveshtenik-01.jpg

По смртта на папата Франциск, кој почина вчера (21.04), светските медиуми се присетуваат на помалку познатите детали од неговиот живот, вклучително и младешката љубов која, според некои, го насочила кон свештеничкиот пат.

Уште како 12-годишно момче, Хорхе Марио Берголио, како што тогаш се викал папата Франциск, се вљубил во својата сосетка Амалија Дамонте во Буенос Аирес.

koja-e-zhenata-poradi-koja-papata-francisk-se-zamonashil-i-rekol-ako-ne-se-ozhenam-so-tebe-kje-stanam-sveshtenik-na-koja-zhena-papata-francisk-i-rekol-ako-ne-se-ozhenam-so-tebe-kje-stanam-sveshtenik-08.jpg

Тоа била детска љубов, но доволно силна за да ѝ напише писмо во кое ја опишал нивната заедничка иднина како брачни партнери.

„Беше зрел, прекрасен дечко. Си игравме по тротоарите и во паркот, танцувавме танго…

Тоа беше искрено и невино пријателство, како од бајка.

И двајцата имавме големо срце за сиромашните, тука се препознавме како сродни души“, изјави Амалија за аргентинските медиуми.

koja-e-zhenata-poradi-koja-papata-francisk-se-zamonashil-i-rekol-ako-ne-se-ozhenam-so-tebe-kje-stanam-sveshtenik-na-koja-zhena-papata-francisk-i-rekol-ako-ne-se-ozhenam-so-tebe-kje-stanam-sveshtenik-04.jpg

Во писмото до неа, тој напишал: „Ако не се оженам со тебе, ќе станам свештеник.“

Покрај пораката, нацртал и срце прободено со стрела – симбол на младешката љубов.

Амалија била допрена од гестот, но нивната љубовна приказна немала среќен крај. Нејзините родители, кога дознале за писмото, ѝ забраниле каков било контакт со Хорхе.

koja-e-zhenata-poradi-koja-papata-francisk-se-zamonashil-i-rekol-ako-ne-se-ozhenam-so-tebe-kje-stanam-sveshtenik-na-koja-zhena-papata-francisk-i-rekol-ako-ne-se-ozhenam-so-tebe-kje-stanam-sveshtenik-06.jpg

Сметале дека не е соодветно нивната ќерка да биде во врска со момче што размислува за свештенички повик.

„Родителите строго ме спречија да го видам повторно. Никогаш повеќе не разговаравме,“ рекла Амалија, која денес има повеќе од 80 години и сè уште живее во истиот крај каде сè започнало.

koja-e-zhenata-poradi-koja-papata-francisk-se-zamonashil-i-rekol-ako-ne-se-ozhenam-so-tebe-kje-stanam-sveshtenik-na-koja-zhena-papata-francisk-i-rekol-ako-ne-se-ozhenam-so-tebe-kje-stanam-sveshtenik-05.jpg

Инаку, пред целосно да се посвети на верата, Хорхе Берголио живеел сосема поинаков живот.

Работел како обезбедување во ноќен клуб и како учител, а бил голем љубител на тангото - омилениот аргентински танц.

koja-e-zhenata-poradi-koja-papata-francisk-se-zamonashil-i-rekol-ako-ne-se-ozhenam-so-tebe-kje-stanam-sveshtenik-na-koja-zhena-papata-francisk-i-rekol-ako-ne-se-ozhenam-so-tebe-kje-stanam-sveshtenik-03.jpg

Иако, по случката со писмото никогаш повеќе не се сретнале, приказната за Амалија и папата Франциск останува како сеќавање на детството и судбината која можела да се одвива поинаку.

Наместо љубов кон една жена, Хорхе избрал љубов кон човештвото и стана еден од најсаканите папи во современата историја.

koja-e-zhenata-poradi-koja-papata-francisk-se-zamonashil-i-rekol-ako-ne-se-ozhenam-so-tebe-kje-stanam-sveshtenik-na-koja-zhena-papata-francisk-i-rekol-ako-ne-se-ozhenam-so-tebe-kje-stanam-sveshtenik-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина папата Франциск на 88 години Ѕвоната на црквите ѕвонат низ Рим, а Ватикан ја потврди смртта на папата Францис...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...
3-годишно девојче од Гана стана интернет сензација - плете совршени плетенки со малите рачиња (видео... Лордина Ненси од Гана е девојче со златни раце... Сама научила да плете плетенки...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...
На 4 години го избркале од дома, 2 години живеел со улични кучиња – Неверојатна приказна на момче од... Момчето на 4 години било избркано од дома, а било спасено од улични кучиња кои м...
Брачните проблеми на Мишел и Барак Обама, среде гласините за развод (и неговата наводна афера) Мишел има изјавено дека чувствувала презир кон Барак бидејќи тој се фокусирал на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg