Купува скапи розови автомобили за девојка му, ѝ подарува накит среде улица – Кој е богатиот Иранец што се расфрла со пари?

За 18-тиот роденден на девојка му ѝ подари розов Rolls-Royce со нејзиното име извезено на седиштата, а сега за 19-тиот, среде улица пред толпа народ ѝ подари накит и куп Louis Vuitton ќеси. Со години води луксузен животен стил, а го критикуваат дека живее на грбот на татко му, кој бил ирански дипломат. Што знаеме за овој 36-годишен Инстаграм богаташ?

kupuva-skapi-rozovi-avtomobili-za-devojka-mu-i-podaruva-nakit-srede-ulica-koj-e-bogatiot-iranec-shto-zhivee-vo-luksuz-01.jpg

Саша Собани е 36-годишен музичар и син на поранешен ирански дипломат во Венецуела, кој живеел неколку години во Шпанија.

Тој е познат по тоа што на својот Инстаграм профил објавува фотографии на кои го прикажува својот скап и луксузен живот, но во минатото се најде и во проблеми со законот и властите на Иран.

„Го критикувам режимот и недостатокот на слобода, ги учам младите како да живеат и им покажувам дека и тие можат да живеат како мене. Секако, Иран не може да прифати дека синот на некој функционер кажува вакви работи“ – изјавил тој во една прилика за шпанскиот El Mundo.

Во 2021 тој беше обвинет за водење нелегални вебсајтови за коцкање, како и за перење пари, но ги отфрли обвинувањата, велејќи дека режимот на Иран не го прифаќа неговиот животен стил и сака да го екстрадира за да го затвори и казни, каде ќе биде тортуриран.

Откако помина целата драма, тој повторно се врати на луксузниот живот, а на Инстаграм го покажува раскошот во кој живее и задоволствата кои си ги дозволува секојдневно.

Приватни авиони, патувања по сите елитни места на светот, облека од најпознатите брендови, скап возен парк со луксузни автомобили кои најчесто се подарок за неговата девојка.

Неодамна, тој предизвика бурни реакции по повод изненадувањето кое го приреди за 19-тиот роденден на неговата девојка Лаура.

Додека заедно излегуваа со ќеси од Louis Vuitton, на улицата пред продавницата ги дочека розов автомобил, со нејзиното име извезено на седиштата, каде имаше две кутии со накит од Bulgari, а на крај донесоа и торта за неа, додека толпа народ ги набљудуваше и снимаше на тротоарот.

kupuva-skapi-rozovi-avtomobili-za-devojka-mu-i-podaruva-nakit-srede-ulica-koj-e-bogatiot-iranec-shto-se-rasfrla-so-pari.jpg

Кликнете ТУКА за да го погледнете видеото. 

Дел од коментарите гласат:

„Сериозно? Не можеше да ѝ го дадеш ова на само, мораше на улица? Тажно...“.

„Саша сака да го покажува луксузниот животен стил како да го заработил, но вистината е дека татко му беше дипломат и живее на негов грб. Згора на тоа, води незаконски сајт за обложување со кој ги мами луѓето. Додека обичните Иранци напорно работат да преживеат, тој краде од нив и покажува како да е нешто за гордеење“.

Минатата година, за нејзиниот 18-ти роденден, тој ја изненади со розовiот Rolls-Royce, а нивната колекција на розови автомобили брои неколку возила од луксузни и скапи брендови, покрај останатите модели.

Кликнете на видеото: 

Инаку, Саша гради кариера како регетон пејач и има издадено повеќе песни за кои снима спотови на разни дестинации. 

Погледнете повеќе фотографии од неговиот животен стил:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Девојка од Велика Британија за својот бизнис во Дубаи: „Изнајмувам луксузни јахти, 24/7 добивам пови... „Цените на изнајмување започнуваат од 100 евра до 6.000 евра на час, во зависнос...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...

Најчитани неделава