Инфлуенсерка, која стана мета на критики дека ги оставила децата и отишла сама на одмор, им одговори на хејтерите

Бајнс откри дека меѓу коментарите, некој ѝ напишал дека треба да биде со семејството, друг ја нарекол „себична мајка и партнерка“, а еден коментар, пак, се однесувал на нејзиниот сопруг Стив, и бил полн сожалување што мора сам да ги чува децата, додека таа ужива во Бали.
„Добрите мајки не ги оставаат децата сами кога одат на одмор“ гласел уште еден коментар, а имало и за нејзината облека: „Мајки не треба да носат такво нешто – срамота!“

Бајнс порачува:
„Одбивам да живеам по туѓи очекувања или да ги занемарам сопствените потреби затоа што некој мисли дека сум лоша мајка.
Нема да се ставам себеси на последно место или да престанам да се дружам, да патувам или да ги следам моите страсти само затоа што некој мисли дека сум себична“.

Таа исто така изрази надеж дека нејзиниот одмор ќе биде важна лекција за нејзините деца, учејќи ги дека е „нормално“ и „важно“ да прават нешто за себе.
„Сакам да им дадам пример на моите деца дека треба да го истражуваат животот, светот и самите себе без вина или срам... Затоа ДА, ќе го правам сето тоа и ќе се забавувам додека го правам“.
Бајнс исто така наведе неколку работи кои, според неа, мајките треба да можат да ги прават без вина – да се забавуваат, да се опуштат, да се дружат, да ги следат своите страсти и хобија, да патуваат, да имаат кариера и да се изразуваат.
Таа на крај шеговито додава и дека мајките можат да бидат и „секси“ и да прават „глупави видеа за социјалните мрежи“.
Кликнете на видеата од Бали:
С. С. | Црнобело