Инфлуенсерка, која стана мета на критики дека ги оставила децата и отишла сама на одмор, им одговори на хејтерите
- Детали
- среда, 07 мај 2025
„Каква мајка си ти?“... Некој ѝ напишал дека треба да биде со семејството, друг ја нарекол „себична мајка“, а трет го сожалувал нејзиниот сопруг, но Аши Бајнс (36) од Австралија вели дека сака преку својот пример на своите деца да им покаже дека треба да уживаат во животот и да се грижат за своето ментално здравје.

Аши Бајнс (36) е австралиска лајфстајл инфлуенсерка, фитнес тренер, претприемач и мајка на две деца.
Таа стана позната преку своите онлајн програми за вежбање, здраво живеење и исхрана.

Аши беше на патување во Бали сама, односно без нејзините деца, и вели дека сака нејзиното патување во Бали да биде лекција за нејзините деца за тоа колку е важно да си даваат приоритет себеси и на својата благосостојба.


Таа, по низата фотографии и видеа од Бали каде ужива сама со своите пријателки, се соочи со низа критики затоа што отишла на одмор без своите деца.

По критиките таа објасни дека не чувствува срам што ги оставила децата дома со нејзиниот неверојатно грижлив сопруг.
Бајнс на Инстаграм вели дека сака да им покаже на децата дека е важно да се негуваат менталното здравје и пријателствата, како што прави таа.

Таа објави и видео во кое танцува со порака за хејтерите: „Твоите животни избори не мора да имаат смисла за никој освен за ТЕБЕ...“
Потоа продолжи: „Луѓето ќе ти кажуваат како да живееш, што не е во ред со тебе и ќе ги проектираат своите ‘правила’ и верувања врз тебе.
Ако живееш според нивната книга со правила, никогаш нема да бидеш навистина среќен или слободен да бидеш ТИ“.