Активен е на Твитер, игра тенис, бил штитеник на папата Франциск - Што знаеме за новиот папа Лав XIV?
Во 2023, Франциск му додели на Превост и една од најмоќните позиции во Ватикан - префект на дикастеријата на епископи, што самото по себе носи огромен статус во католичката црква.
За новиот папа Лео се вели дека е урбан, шармантен и компетентен администратор.
Тој, пак, за себе вели дека е „прилично добар тенисер аматер“ и изгледа помлад од своите 69 години.
Некои одат дотаму што велат и дека е многу симпатичен, според стандардите за еден папа.
Лaв XIV беше избран по неполни 48 часа од почетокот на заседавањето на конклавата, по четвртото гласање на кардиналите, што покажува дека тој има способност да допре до различни фракции во Ватикан.
А способноста за дипломатија но и лидерство, ја покажа со тоа што за помалку од два дена успеа да освои двотретинско мнозинство од 89 гласови за победа, и притоа ги убеди центристите и умерените конзервативни кардинали да му веруваат.
Во првото појавување на балконот на базиликата Св. Петар, новиот папа беше облечен во полна церемонијална облека, за разлика од неговиот претходник, па многумина веруваат дека иако е прогресивен, Лaв XIV, сепак ќе им биде наклонет и на конзервативните кардинали.
Интересно е што новиот папа често користи Твитер и таму ги споделува своите ставови.
Изборот на Лав XIV беше поздравен ширум светот, честитки пристигнаа од повеќето светски лидери, а меѓу стотиците илјади луѓе кои стоеја во Ватикан и го чекаа појавувањето на новиот папа, беше забележан и пејачот Хари Стајлс.
Погледнете го видеото од првото појавувањето на новиот папа на балконот во Ватикан и неговото претставување во светот:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





