Вирално видео: Дадилка влетува со мини возило низ стакло во дневна – за малку ќе удреше во мајката со бебето

На социјалните мрежи вирално се шири видео од застрашувачка ситуација, кога дадилка тргнува во погрешна насока и со електрична количка влетува низ стакло во дневната на семејната куќа и за малку избегнува удар во мајката и бебето.

viralno-video-bebisiterka-vletuva-so-mini-vozilo-niz-staklo-vo-dnevna-za-malku-kje-udreshe-vo-majkata-so-bebeto-01.jpg

Драматична сцена од безбедносна камера во куќа во Тајланд се шири низ социјалните мрежи.

На снимката се гледа како дадилката на семејството кое живее во куќата, седнува во електрична количка и тргнува во погрешна насока, па влетува низ стаклото во дневната соба.

Она што е пострашно, е што за многу малку ги избегнува мајката и бебето кое го држи во рака, a се наоѓаат веднаш зад стаклото, односно мајката успева брзо да избега на другата страна со преплашеното дете. 

viralno-video-bebisiterka-vletuva-so-mini-vozilo-niz-staklo-vo-dnevna-za-malku-kje-udreshe-vo-majkata-so-bebeto-02.jpg

Настанот се случил на 14 мај 2025, а откако дадилката прво изјавила дека не работеле педалите, потоа си дала отказ заради грижата на совест.

Медиумите од светот и Тајланд, пренесуваат дека сопственикот на домот Пријапорн Сирихаитум, го прифатил отказот, но не ја казнил дадилката, иако поправката на сторената штета ќе го чини околу 800 евра. 

„Судирот се случи на 14 мај, кога дадилката сакаше да го однесе моето најстаро дете до продавница. Не знам како се случи тоа, но таа тврдеше дека педалата за гас била заглавена, што предизвикало да се удри во куќата.

Викнав електричар да го провери возилото, но ми рекоа дека е во ред, со оглед на тоа што беше купено претходниот ден.

Претпоставуваме дека дадилката го ставила возилото во погрешна брзина и потоа ги измешала педалите, па по грешка упорно газела на педалата за гас“ – гласи неговата изјава.

Погледнете го видеото од безбедносната снимка:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Вирално видео: Жена во Турција „за влакно“ ќе беше удрена од трамвај, маж од обезбедување ја спасува На камера е уловен моментот кога жена тргнува по шините за трамвај, а маж од обе...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Нов бизарен потег на Трамп - не ѝ ја пушта раката на Брижит Макрон при ракување 13 секунди (вирално ... Во една пригода Трамп зборуваше дека Брижит се однесува „исклучително лошо“ кон ...

Најчитани неделава