Емотивен момент: Болница им организира матура со црвен тепих на пациентите кои имаат смртоносна болест

„Танцував со медицинската сестра што ме чуваше“ – болница во САД им го исполни сонот на пациентите кои се борат со рак и други болести и им организираа матурска вечер со црвен тепих, возење во лимузина, диџеј и други работи кои на момент им го направија животот посреќен, додека се борат со најтешката битка. 

emotiven-moment-bolnica-im-organizira-matura-so-crven-tepih-na-pacientite-koi-imaat-smrtonosna-bolest-01.jpg

Во месецот на матурските прослави, мај, во болницата St. Jude Teen Formal во Мемфис, се случи емотивен настан за пофалба.

Беше организирана матура, но главни гости и ѕвезди на вечерта, беа пациенти кои се лечат од рак и други животозагрозувачки болести.

Преку 50 тинејџери присуствувале на настанот, меѓу кои имало матуранти, но и нивни блиски кои биле поканети како гости.

Матурантите имале можност да бираат одела и фустани кои сакаат да ги облечат, а почувствувале и како е да се пристигне со лимузина, да се оди по црвен тепих, да танцуваат и да уживаат во она што навистина треба да уживаат на свои години, додека во меѓувреме ја водат најтешката битка во животот.

emotiven-moment-bolnica-im-organizira-matura-so-crven-tepih-na-pacientite-koi-imaat-smrtonosna-bolest-04.jpg

„Катастрофална болест не треба да ги спречи овие деца да ги доживеат истите искуства како другите деца на нивна возраст.

Сакаме нашите пациенти да добијат чувство на нормалност и да им помогнеме да создадат спомени кои ќе им траат цел живот.

Поентата е во тоа секој ден да им го направиме најдобар што може“ – изјавил претседателот и директорот на болницата St. Jude Children’s Research Hospital.

emotiven-moment-bolnica-im-organizira-matura-so-crven-tepih-na-pacientite-koi-imaat-smrtonosna-bolest-03.jpg

На фотографиите се забележува дека пациентите се пресреќни и на момент забораваат на проблемите со кои секојдневно се борат, а еден од нив изјавил:

„Омилен дел од вечерта ми беше танцувањето со медицинските сестри кои се грижеа за мене додека ме спремаа за трансплантација. Бев пресреќен што повторно ги сретнав и уживав со нив“.

emotiven-moment-bolnica-im-organizira-matura-so-crven-tepih-na-pacientite-koi-imaat-smrtonosna-bolest-05.jpg

emotiven-moment-bolnica-im-organizira-matura-so-crven-tepih-na-pacientite-koi-imaat-smrtonosna-bolest-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“ Елби Хеншо од Велика Британија открива дека луксузниот град не е само забава и г...

Најчитани неделава