Последно селфи во авионот, пред трагедијата во Индија: Брачен пар се подготвувал за нов живот во Лондон со трите деца

Меѓу загинатите во вчерашната авионска несреќа во Индија се сопружници кои биле доктори и нивните три деца. Сопругот работел во Лондон, а жената во Индија, но дала отказ и се подготвувале да го почнат новиот живот во англиската престолнина...

posledno-selfi-pred-tragedijata-vo-indija-brachen-par-se-podgotvuval-za-nov-zhivot-vo-london-so-trite-deca-01.jpg

Во авионската несреќа во Индија што се случи вчера (12.06) загинаа 241 лице, односно двајцата пилоти и сите патници, освен еден.

Авионот полетал до аеродромот во Ахмедабад и требало да оди кон Лондон, но по само неколку минути, пилотите кажале дека губат моќ и авионот удрил во зграда во која имало медицински колеџ, како и државна болница.

posledno-selfi-pred-tragedijata-vo-indija-brachen-par-se-podgotvuval-za-nov-zhivot-vo-london-so-trite-deca-06.JPG

Меѓу многуте жртви е и семејство со три мали деца. Пред полетувањето, тие направиле селфи фотографија во авионот која сега вирално се споделува на социјалните мрежи, како потсетник за тоа колку е непредвидлив животот.

Уште потрагично е што семејството одело кон Лондон каде што требало да го почнат својот нов живот.

На фотографијата се гледаат сопружниците Кони Вјас и Пратик Јоши и нивните три деца – осумгодишна ќерка и близнаци на возраст од пет години.

posledno-selfi-pred-tragedijata-vo-indija-brachen-par-se-podgotvuval-za-nov-zhivot-vo-london-so-trite-deca008.JPG

Кони Вјас работела како патолог во приватна болница во Индија, додека нејзиниот сопруг Пратик, кој исто така бил доктор, работел во Лондон како радиолог.

Според членовите на нивното семејство, Кони неодамна дала отказ, со цел да се вработи во Лондон за целото семејство да може да биде заедно.

Пратик работел во Лондон веќе четири години, додека Кони и децата живееле во Индија.

posledno-selfi-pred-tragedijata-vo-indija-brachen-par-se-podgotvuval-za-nov-zhivot-vo-london-so-trite-deca-07.JPG

Па, сите со радост го чекале новото поглавје од животот, а блиските на семејството велат дека Кони цел месец се подготвувала за патувањето.

Пратик отишол во Индија пред 3-4 дена за да им помогне со подготовките, за потоа заедно да тргнат кон Лондон.

„Периодов Кони беше во Индија поради децата бидејќи уште ги чекаа нивните визи. Во средата (11.06) заминаа за Ахмедабад, за оттаму да го фатат летото до Лондон.

Пратик дојде во Индија пред неколку денови, за заедно да одат во Лондон“, открива братучетка на Кони за Indian Express.

posledno-selfi-pred-tragedijata-vo-indija-brachen-par-se-podgotvuval-za-nov-zhivot-vo-london-so-trite-deca-03.JPG

На аеродромот ги придружувале членови од поширокото семејство, несвесни дека тоа е последниот пат што ќе ги видат.

Причината за несреќата уште се испитува, но експертите велат дека можна причина е нагло менување во јачината на ветерот или, пак, можеби во двата мотора удриле птици, истовремено.

posledno-selfi-pred-tragedijata-vo-indija-brachen-par-se-podgotvuval-za-nov-zhivot-vo-london-so-trite-deca-02.JPG

Кратко по несреќата, спасувачките екипи открија дека извлекле 30-тина тела, по што се огласија и од полицијата со прогноза дека веројатно нема ниту еден преживеан во авионот.

Единствената преживеана личност е 40-годишен Британец кој бил во Индија на деловно патување.

posledno-selfi-pred-tragedijata-vo-indija-brachen-par-se-podgotvuval-za-nov-zhivot-vo-london-so-trite-deca-05.JPG

Прочитајте и: Се огласи семејството на преживеаниот Британец во Индија: „Чудо е како останал жив, ни се јави од срушениот авион“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg