Саксофонист свири на руфтоп во либански ресторан додека ракети летаат кон Израел – сите снимаат како да е огномет (видео)

На социјалните мрежи се шири вирално малку бизарна снимка на која либански саксофонист свири на руфтоп за гостите кои опуштено уживаат во вечерата и забавата, додека на небото ирански ракети летаат за да го нападнат Израел.

saksofonist-sviri-na-ruftop-vo-libanski-restoran-dodeka-raketi-letaat-kon-izrael-site-snimaat-kako-da-e-ognomet-video-01.jpg

Додека Израел и Иран се под отворен оган, една од соседните земји гледа од „задните редови“.

Иран нападна делови од Израел со ракети, а во нападот уништени се повеќе објекти, има убиени и повредени.

saksofonist-sviri-na-ruftop-vo-libanski-restoran-dodeka-raketi-letaat-kon-izrael-site-snimaat-kako-da-e-ognomet-video-03.jpg

Но, додека ракетите се упатувале кон Израел, наводно луѓето од Либан го следеле нападот од небото како да е огномет.

На социјалните мрежи вирално се споделува снимка, за која се шпекулира дека е направена во либански ресторан.

На снимката се гледа како саксофонист свири на руфтоп, додека гостите опуштено уживаат во својата вечера, а голем дел од нив го снимаат летањето на ракетите на небото.

Светските медиуми ја споделија снимката со опис „Во меѓувреме во Либан“, но засега уште не може за сигурно да се потврди автентичноста и точната локација на видеото.

Кликнете на видеото:

На Твитер се претпоставува каде може да е направено видеото, од каде што има таков поглед, но се пишува и дека светлата на небото може да се од огномет или дронови.

Сепак, заради тензијата во регионот, се претпоставува дека веројатно може да се и ракети, што би го претставило животот во Либан каде се живее комплексна реалност и се балансира помеѓу ноќниот живот и конфликтите во околината.  

Претходно, на YouTube каналот на новинската агенција Agence France-Presse, беше објавено и видео од либанска свадба, на која музиката прекинува за гостите да го проследат прелетувањето на ракетите на небото, а потоа сите продолжуваат да се забавуваат. 

Погледнете го видеото ТУКА.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Вирално видео: Жена во Турција „за влакно“ ќе беше удрена од трамвај, маж од обезбедување ја спасува На камера е уловен моментот кога жена тргнува по шините за трамвај, а маж од обе...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал ... Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на...
Се лекувал од импотенција, заработил милијарди со перење пари: Кој е новиот мистериозен лидер на Ира... Иако не е официјално потврдено, според некои извори новиот врховен лидер е синот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg