Жена родена без раце и една нога, урива стереотипи - спортува активно, освои шампионска бодибилдинг титула

„Со години во мојот ум, живеев со илјадници „што ако“ и „но“, замислувајќи каков би ми бил животот ако имав две раце и уште една нога, како сите други. Но, живеењето во тој свет на илузии и претпоставки носи само страдање. Решив да ја прифатам мојата единственост, која ме прави посебна“, вели Надја, која е родена со ретка состојба.

zhena-rodena-bez-race-i-edna-noga-uriva-stereotipi-sportuva-aktivno-osvoi-shampionska-bodibilding-titula-01.jpg

Надја Лауричела од Сицилија има фокомелија, ретка состојба која се јавува кај помалку од 1 на секои 100.000 родени бебиња.

Станува збор за конгенитално нарушување поради кое бебињата се раѓаат без некои од екстремитетите, а таа е родена без раце и со една нога.

И покрај тоа, Надја не дозволува никој да ја сожалува, најмалку самата себе. Па, она што светот го сметал за пречка, во нејзиниот случај станало движечка сила што уште од дете ја води напред.

zhena-rodena-bez-race-i-edna-noga-uriva-stereotipi-sportuva-aktivno-osvoi-shampionska-bodibilding-titula-03.jpg

Наместо да се откаже од животот, таа одлучила да покаже дека ништо не може да ја спречи, а со нејзината приказна денес инспирира илјадници луѓе ширум светот.

Надија е родена со фокомелија, ретка состојба поради која рацете не можеле да ѝ се развијат, едната нога ѝ недостасувала, другата само делумно била формирана, а ‘рбетот ѝ бил закривен.

Но, физичкиот изглед не влијае на нејзината психа, а таа преку социјалните мрежи и со повремени гостувања во медиумите, се труди да ги охрабри другите кои се во иста или слична состојба како неа да ги отфрлат стереотипите за попреченоста и убавината и да го искористат најдоброто што им го нуди животот.

zhena-rodena-bez-race-i-edna-noga-uriva-stereotipi-sportuva-aktivno-osvoi-shampionska-bodibilding-titula-05.jpg

Во едно свое интервју, Надија искрено рекла:

„Најтешкиот период беше мојата адолесценција. Се чувствував различно од сите други и многу страдав.

Но, најсреќното нешто што ми се случи е што сега повторно ја вратив контролата врз мојот живот.

Пред неколку години решив да користам протетичка нога и конечно можев да одам. Оттогаш, ми се отворија безброј врати: спорт, независност…“

zhena-rodena-bez-race-i-edna-noga-uriva-stereotipi-sportuva-aktivno-osvoi-shampionska-bodibilding-titula-02_copy.jpg

Денес, многу луѓе од неа бараат совет за тоа како да ги надминат тешките времиња, а таа со радост ја споделува својата животна филозофија со нив.

„Само оние што сонуваат учат да летаат, а јас отсекогаш верував во моите соништа“ - вели таа.

zhena-rodena-bez-race-i-edna-noga-uriva-stereotipi-sportuva-aktivno-osvoi-shampionska-bodibilding-titula-06.jpg

На ТикТок Надја ја следат 1,9 милиони следбеници, а скоро 170.000 на Инстаграм, каде што често ја споделува својата приказна и животни достигнувања со оние на кои им е потребна доза вистинска инспирација.

И покрај нејзината состојба, Надја активно спортува, а бодибилдингот ѝ е огромна страст.

Со фитнес се бави скоро 10 години, со бодибилдинг малку помалку, но активно, па на почетокот на јуни 2025 ја освои и светската шампионска титула.

Во една пригода, таа напиша:

„Трендот на вештачка интелигенција што нè прикажува како да сме модели во луксузни списанија станува многу популарен во последно време.

Многу луѓе, дури и оние со попреченост, сакаа да го пробаат за да видат како би изгледале без неговите особености, но јас избрав поинаков пат.

Со години, во мојот ум, живеев со илјадници „што ако“ и „но“, замислувајќи каков би бил мојот живот ако имав две раце и една нога како сите други.

Но, сфатив дека живеењето во тој свет на илузии и претпоставки носи само страдање.

Решив да ја прифатам мојата единственост, таа особеност што ме прави посебна.

Не сакам да бидам измамена од совршенство што не постои, ниту во реалноста ниту во вештачката интелигенција.

Да научиме да ги сакаме и да ги прифатиме нашите „колатерални убавини“, оние што нè прават навистина единствени“.

zhena-rodena-bez-race-i-edna-noga-uriva-stereotipi-sportuva-aktivno-osvoi-shampionska-bodibilding-titula-08.jpg

Погледнете повеќе фотографии од Надја на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Жена со облини стана мета на хејтери поради изгледот во бикини на плажа: „Секогаш тие без профилна ф... „'Oслаби', ми велат... Дали сте размислиле дека не ми е гајле и дека навистина м...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Полицијата не можеше да го фати убиецот и силувачот на тетка ми – го заведов на Фејсбук и сега е за... Жена од Британија решила да ја преземе правдата во свои раце, откако полицијата ...
Над 20 години ја држела како робинка за да ѝ го чисти домот: Детали за случајот што го згрози светот Повеќе од 25 години, жена од Англија која требало да се грижи за девојка со проб...
Жена со бизарна зависност да има што поголеми усни - става филери на 2 седмици, не може да ја затвор... Првата корекција на усните ја направила на 18 години и не сопрела оттогаш. Троши...

Најчитани неделава