Мрачната вистина за девојките на кои милионерите им плаќаат да бидат дел од нивните забави на јахти
Ни беше кажано да не пиеме премногу и да немаме секс со никого. Но, ако случајно ни се допадне некој, можевме да флертуваме.
Се забавував одлично. Потоа бев канета на една или две забави месечно.
Тоа е цел таен свет за кој повеќето луѓе немаат поим дека постои. Се чувствував како славна личност.
Понекогаш заработував 1.100 евра за седум часа. Но, секогаш имаше повеќе девојки, отколку момци.

Научив да бидам јасна во врска со моите граници. Не бев на продажба, бев таму само за да се забавувам.
Повеќето организатори на ваков тип на забави ве замолуваат да потпишете договор за неоткривање информации поради калибарот на познати луѓе што присуствуваат.

Живеев добар живот со месеци, но потоа работите се променија на забава на брод во јужна Франција во мај 2022 година.
Имаше 12 девојки и шест мажи на бродот и ми беа понудени 1.400 евра за работа од пет часа.
Забележав дека расположението беше различно од Дубаи. Другите девојки ‘трчаа’ по крипто-милионерите и по еден добро познат рапер.

Тие беа подготвени да направат сè за да ги задоволат мажите. Тоа беше понижувачки.
Правеа да изгледаме како ескорт дами, што нè доведуваше во опасност.
Еден од милионерите ме зграпчи одзади и почна да се обидува да ме допира. Беше пијан и зборуваше нејасно.
Бев ужасната и исплашена. Пловевме во океанот, без можност за бегство. Се чувствував заробена.
Во солзи, успеав да го турнам со помош на мојата пријателка и побаравме од организаторите да нè вратат на брегот со глисер.
Се тресевме. Сфативме колку сме биле наивни.

Подоцна слушнав дека две девојки се онесвестиле, а втората била толку пијана што морала да оди во болница.
Се заколнав дека ќе се држам настрана од платените забави после тоа.
Постои навистина валкана страна на неконтролираните забави на јахти, особено во Европа.
Богатите мажи мислат дека можат да купат сè. Сите сме за нив за еднократна употреба.
Тоа е многу језиво. Девојките треба да се држат настрана“.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
