Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не можеше ни да се брани“
„Миа не призна вина, но таму немаат праведно судење. Доби 25 години зад решетки.
Судењето беше на арапски и Миа ја дозна казната подоцна, од нејзиниот адвокат. Миа е силна, но знам дека минува низ пекол таму“.
Мајката раскажува и за условите во озлогласениот затвор.
„Ужасно е. Нема чувари и Миа треба да тропа на вратата ако ѝ треба нешто. Има тепачки и страв ѝ е. Ми кажа дека спие на душек на креветот и ја дели ќелијата со уште шест затвореници.
Миа никогаш претходно не била во неволја. Не знам што се случило, но таа е доволно возрасна да одлучува за себе. Дефинитивно не мислам дека планирала да ја продава дрогата или да ја носи во Англија.
Точно е дека е поголема количина, но имало и други луѓе, а Миа се нашла помеѓу“.
Миа очекува уште едно сослушување, а мајка ѝ вели дека се надева дека барем ќе ѝ дозволат да ја отслужи казната во Англија.
„Сите бевме шокирани од казната што ја доби. Само сакам да си дојде дома. И јас го сакам истото. Рече дека затворот е страшен и само пробува да не привлекува внимание“.
Се јавија шпекулации и дека Миа можеби била наместена, но мајка ѝ се сомнева дека сето ова е нечиј злобен план.
„Дрогата не била во мали кесички (како за продажба), туку во една. Никој не ѝ платил да оди во Дубаи (по дрога) и отиде таму на само неколку денови“.
Голем дел од јавноста ја поддржува Миа и многумина коментираат дека иако заслужува некаква казна, сепак не треба да помине 25 години зад решетки.
Но, други велат дека требало да биде свесна за последиците од она што го прави.
Што се однесува до затворот, низ годините се јавиле низа вознемирувачки сведоштва од поранешни затвореници.
Некои тврдат дека биле измачувани и малтретирани додека биле во затворот, а има и неколку сведоштва за силувања.
Спирова С. | Црнобело
