Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот банкет во замокот Виндзор?

Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател Доналд и сопругата Меланија. Настанот се подготвувал шест месеци, а 160-те гости беа сместени на маса долга дури 50 метри. Како помина раскошниот настан?

kejt-midlton-so-kruna-na-princezata-dijana-donald-i-melanija-glavni-gosti-kako-pomina-raskoshniot-banket-vo-zamokot-vindzor-01.jpg

Синоќа (17.09) американскиот претседател Доналд Трамп и Меланија беа почестени со државен банкет во замокот Виндзор.

Моментално претседателот и првата дама се на посета во Англија, каде што беа свечено пречекани од кралот Чарлс, кралицата Камила, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

kejt-midlton-so-kruna-na-princezata-dijana-donald-i-melanija-glavni-gosti-kako-pomina-raskoshniot-banket-vo-zamokot-vindzor-09.JPG

Достојна на својата титула, принцезата Кејт изгледаше прекрасно во долг фустан со златна тантела, а на главата ја носеше круната позната како Lover’s Knot.

Круната ѝ припаѓаше на принцезата Дијана која имаше изјавено дека е толку тешка, што ѝ создавала главоболки.

Круната е изработена во далечната 1914 година и е украсена со бисери и дијаманти.

kejt-midlton-so-kruna-na-princezata-dijana-donald-i-melanija-glavni-gosti-kako-pomina-raskoshniot-banket-vo-zamokot-vindzor-06.JPG

Принцот Вилијам ја носеше таканаречената виндзорска униформа – темносин костум со црвена јака и црвени ракави, во комбинација со бела кошула.

На сакото му беа закачени четири медали кои ѝ припаѓаа на кралицата Елизабета, како и медалот од крунисувањето на кралот Чарлс.

kejt-midlton-so-kruna-na-princezata-dijana-donald-i-melanija-glavni-gosti-kako-pomina-raskoshniot-banket-vo-zamokot-vindzor-05.JPG

Во истата униформа беше облечен и кралот Чарлс, додека Доналд Трамп носеше црн фрак со бела кошула.

За свечениот настан, Меланија Трамп носеше долг жолт фустан со долги ракави и разголени рамена, а на половината носеше виолетов колан. Кралицата Камила носеше темносин фустан.

kejt-midlton-so-kruna-na-princezata-dijana-donald-i-melanija-glavni-gosti-kako-pomina-raskoshniot-banket-vo-zamokot-vindzor-08.JPG

Бидејќи државниот банкет во замокот Виндзор е настан од големо значење, во целата организација е вклучен самиот крал.

Тој ги проверувал и најмалите детали, вклучувајќи и тоа како се поставени чиниите и чашите за секој од гостите.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја спореду... На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралица...
Meланија Трамп во светкав фустан издоминира како некогаш - фатена за рака со Доналд Трамп Меланија и Доналд Трамп вљубени на новогодишната забава во неговата зимска резид...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg