Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот банкет во замокот Виндзор?
Подготовките за банкетот почнуваат околу шест месеци пред настанот, додека на послугата во замокот им требаат и до три дена за да ја постават масата за 160-те гости.
Секој гостин добива мени, напишано на француски.
За предјадење, на гостите им бил послужен италијанскиот десерт панакота, со крцкави англиски печива и салата со јајца од потполошка.
Главното јадење било органско пилешко месо со тиквички и ароматичен сос. Десертот бил сладолед од ванила со сорбет од малини и вид компот од сливи.
Храната е подготвена од кралскиот готвач и неговиот тим од 20 готвачи, а сите продукти се од посевите и фармите на кралското семејство.
Гостите можеле да избираат и од мени со луксузни пијалаци, како скапи вина, па и коњак од 1912 година.
Кралот Чарлс започнал и традиција – за банкетот побарал да биде креиран нов коктел.
Покрај храната и пијалаците, многу внимание се обрнува и на декорациите.
Банкетот се одржува во најголемата просторија во замокот која е долга дури 55 метри, а широка околу девет. Самата маса на која седеа гостите е долга 50 метри.
Гостите јадат од чинии кои вредат цело богатство, а за секој од нив треба да има пет чаши за различни пијалаци.
Исто така, растојанието на чиниите од еден до друг гостин мора да биде точно 45 сантиметри. Секој стол се поставува на исто растојание од масата, а секоја чаша е на исто растојание од работ на масата.
За време на банкетот има и огромна послуга со келнери и батлери, чија задача е вечерта да помине совршено.
На банкетот Доналд Трамп и кралот Чарлс одржаа говор, а Трамп ѝ даде комплименти на Кејт Мидлтон:
„Јас и Меланија сме пресреќни што ги посетуваме принцот Вилијам и нејзиното височество принцезата Кетрин. Таа е толку здрава, толку убава. Ова е навистина голема чест. Ви благодарам“.
Во својот говор, кралот Чарлс се фокусираше на заедничката историја и соработката на Велика Британија и САД низ годините.
Доналд и Меланија не беа единствените познати гости – напротив, на свеченоста присуствуваа некои од најмоќните луѓе во светот.
Меѓу присутните беа Тим Кук од Apple, милијардерот Руперт Мурдок, извршниот директор на OpenAI, извршниот директор на Nvidia…
Погледнете и: „Ѝ го мразам фустанот“ - Меланија доминира покрај Доналд Трамп во „храбар“ фустан што ги подели мислењата
Повеќе фотографии од банкетот и посетата на Доналд и Меланија:
Спирова С. | Црнобело
