Семеен пат околу светот

semeen-pat-okolu-svetot-povekjeНе препорачуваме да го читате ова ако уште не сте ни решиле каде ќе одите на одмор. Ова семејство го живее сонот што на секој од нас му се мотка низ глава.  


Fleur и Fernando кои до неодамна живееле во Шпанија, се заситиле од рутината и осум часовното работно време, па одлучиле да си ја исполнат најголемата заедничка желба.

Продале сѐ што поседуваат, си купиле кампер и тргнале на пат околу светот. Младиот брачен пар патува со своите две мали дечиња, а главната цел им е да поминат убав период на семејно зближување и дружење, истовремено запознавајќи туѓи култури и учејќи ги своите деца дека не постои само еден правилен начин на живот.

semeen-pat-okolu-svetot-1

Во својата куќичка на тркала понеле само малку облека, храна, домашната колекција книги, основни алати и играчки за дечињата. Почнувајќи од Франција, првата етапа на патувањето ги опфаќа Европа и Азија, за втората се планирани Јужна и Северна Америка, а за завршната трета етапа голема прошетка низ Африка.

semeen-pat-okolu-svetot-2

semeen-pat-okolu-svetot-3

Нивната голема авантура може да ја следите преку блогот www.viviendonuestravida.com. Им посакуваме среќен пат и убаво патешествие, а вам (па и нам) среќа и доволно храброст за исполнување на сопствените животни соништа.

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка родена без голем мозок е медицинско чудо – прослави 20-ти роденден, лекарите ѝ предвидувале ... Алекс Симпсон од САД е родена со ретко нарушување поради кое нема голем мозок, т...
Бизарно: Девојка лажирала бременост, па користела реалистична кукла и AI видеа за да личи на вистинс... Девојка од Шкотска лажирала цела бременост, а направила и прослава за откривање ...
Дечко ја запроси саканата во гардероба во ZARA и стана мета на шеги: „И прстенот ли го купи таму?“ (... „Од сите места на светот, ти си ја одбрал ZARA“, „И јас би плачела“ – ова се сам...
Жизел Пелико за моментот кога ја дознала вистината за сопругот монструм, кој ја дрогирал и викал маж... „Си ги извадив очилата, полицаецот ми покажа уште една фотографија. Истата жена ...
Земјотрес од 6,9 степени на Филипини: Девојки панично бегаат од натпревар за убавина, деца загинале ... Поради земјотресот на Филипини има 69 загинати и речиси 150 повредени а надлежни...
Инфлуенсерка критикувана - го емитуваше своето породување во живо: „Толку ли си очајна за внимание?“ Инфлуенсерка од САД го емитуваше своето породување во живо, на платформата Twitc...

Најчитани неделава