Зошто децата извикуваат „6-7“ на англиски (и зошто на наставниците им е „преку глава“)?
- Детали
- вторник, 28 октомври 2025
6-7 (sex seven) е новиот омилен сленг на генерацијата алфа и е тренд кој се прослави во целиот свет. Додека повеќето можеби не го ни слушнале, наставниците велат дека веќе им е смачено да ги опоменуваат учениците за време на час.

Ако имате мало дете или, пак, работите со деца (како наставник), сигурно сте го слушнале изразот 6-7 (six seven).
Изразот е сленг што го користат младите и се прослави мошне брзо, низ целиот свет.
За повеќето возрасни, неговото значење е мистерија, додека некои наставници велат дека за нив е веќе кошмар бидејќи децата постојано го извикуваат за време на часовите.
Според Forbes, изразот потекнува од песната Doot Doot на раперот Skrilla. Делот во кој раперот вели „6-7“ почна да се споделува на социјалните мрежи и набрзо стана вирален.
Некои, пак, велат дека е израз со кој се кажува дека нешто е просечно (mid), а други дека е инспириран од височината на фудбалерот Ламело Бол кој е висок околу 200 сантиметри, односно 6 стапки и 7 инчи.
Но, генерално, повеќето се согласуваат дека самиот израз нема никакво значење.
Сепак, ова не ги спречува децата да го извикуваат, неретко и на часовите.
На ТикТок веќе се споделуваат видеа од наставници кои велат дека им е „преку глава“ од извикот, а дел од нив споделуваат дека им забраниле на учениците да го користат за време на часот.
На едно видео на наставничка во основно училиште во САД, се гледа како таа на таблата пишува „забранети зборови“, односно зборови кои учениците не смеат да ги користат на часот.
Прв на листата е изразот „6-7“, а во описот таа вели дека го забранила уште на третиот ден од учебната година.
;@creative_cutolo Day 3 of school and I’ve already got a list of words that are officially banned in my 6th grade English class 🤦♀️😂 #teacherlife #middleschoolchaos #mscutolo #backtoschool #6thgradeteacher #grateful #fyp #bannedwords #foryoupage #fyppppppppppppppppppppppp #teachersoftiktok
♬ original sound - Ms. Cutolo 🦋✨🌱✏️
Друга професорка има споделено видео на кое кажува како изгледаат часовите по математика откако изразот стана вирален.
Таа им поставува прашање на децата чиј одговор е „6“, а во позадина се слуша како некои деца извикуваат и „7“ или, пак, „6-7“.
;@myclassroomdiaries Don’t worry, it isn’t always like this, I just love them & hopefully this trend goes away soon 🤪 #teacher #67 #fyp #teachersoftiktok
♬ original sound - Kaitlyn Biernacki
Друга наставничка открива дека почнала и да ги казнува нејзините ученици.
„Им реков на учениците дека ако извикаат '6-7' и го прекинат часот, за домашна ќе треба шест или седумпати да напишат ’Нема да кажувам 6-7 на час‘.
Мислеа дека се шегувам, но кога навистина им ја дадов домашната, почнаа да веруваат“.
На ТикТок има и бројни друг видеа од наставници кои пробуваат да се справат со чудниот тренд кај нивните ученици.
За магазинот Today, наставничка од Њу Џерси вели дека веќе секојдневно го слуша изразот, особено ако каже нешто што ги содржи броевите 6 (six) или 7 (seven).
„Можам да речам дека е 1 часот и 16 минути и некој ќе извика '6-7'“.
Повторно за Today, друг наставник прави споредба со слични трендови од минатото.
„Наставник сум веќе 20 години и сум слушал секаков сленг. Но, ништо не ме иритирало како ова“.
Некои наставници, пак, сметаат дека како секој тренд, ќе помине и овој.
„Лудите работи што ги прават учениците постојано се менуваат. Јас само ги игнорирам или ќе се насмевнам ако случајно кажам '6-7' за време н час, обидувајќи се да разберам дека ова е само дел од поп културата.
Мислам дека децата само сакаат да се чувствуваат дека припаѓаат некаде“.
Што мислите вие за најновиот тренд кај младите?
Спирова С. | Црнобело