Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази)
Си даваат многу простор
И Доналд и Меланија сакале да минуваат време насамо, а ова наводно ова е уште една причина зошто издржувале заедно.
„Не сум сретнал друг пар кој минува повеќе време одвоено. Меланија е самотник, а исто и Доналд. И, двајцата се многу среќни кога се разделени“, вели извор близок до парот.
Впрочем, и Меланија има изјавено дека сопругот не ѝ го одзема слободното време:
„Тој е сопруг со многу разбирање. Ако му речам дека ми треба купка и ќе ме нема цел час или дека ќе одам на масажа, не му пречи.
Ме поддржува за такви работи. Сакаме да си даваме простор“.
Меланија му оди во прилог на Трамп за неговата политичка кампања
Историјата покажала дека Американците повеќе им веруваат на претседатели кои се во брак – во историјата на САД, само двапати бил избран претседател кој не е во брак.
Па, за Трамп не би изгледало добро ако се разведе.
Покрај тоа, за времена првиот мандат, благодарение на Меланија, Трамп придоби многу жени гласачи, додека пред вториот мандат, таа повторно му била од огромна помош и го советувала како подобро да се претстави во јавност.
На Меланија ѝ годи удобниот живот
Меланија има тешко минато и знае како е да се почне од нула.
Финансиската стабилност што ја има сега веројатно не е нешто од коешто сака да се откаже, а разводот би можел да го промени ова.
Покрај тоа, овде е и нејзиниот син Барон Трамп
Доналд има и други, повозрасни деца, па ако Меланија се разведе сега, постои ризик Барон да изгуби голем дел парите што би ги наследил.
Наводно, Меланија дури трипати барала да се менува предбрачниот договор, за да се осигури дека син ѝ Барон ќе биде обезбеден за цел живот.
Спирова С. | Црнобело
