Има своја продавница за овошје и е татко на две деца – Херојот кој го ризикуваше својот живот за да го собори напаѓачот во Сиднеј

Човекот кој го ризикуваше својот живот и директно го собори напаѓачот во Сиднеј, е 43-годишен маж од Сирија кој од 2006-та живее во Австралија - тој е татко на две деца и има продавница за овошје, а отсега е и херој без наметка, како што вели братучед му, родителите и целиот свет. Во нападот беа убиени 16 луѓе, а 50-тина се во болница. 

ima-svoja-prodavnica-za-ovoshje-i-e-tatko-na-dve-deca-herojot-koj-go-rizikuvashe-svojot-zhivot-za-da-go-sobori-napagjachot-vo-sidnej-01.jpg

Вчера јавноста низ целиот свет остана во шок, по терористичкиот напад кој се случи во Сиднеј, кога за време на еврејска прослава на Бонди плажата, двајца напаѓачи со огнено оружје убија 15 лица, а повеќе од 50 останаа повредени.

На плажата беа собрани голем број семејства, а вкупно имаше повеќе од 1.000 луѓе чии животи беа ставени во опасност.

За време на инцидентот, еден случаен минувач се истакна како вистински херој, кога вирално се прошири снимка на која се гледа како сам соборува еден од напаѓачите.

ima-svoja-prodavnica-za-ovoshje-i-e-tatko-na-dve-deca-herojot-koj-go-rizikuvashe-svojot-zhivot-za-da-go-sobori-napagjachot-vo-sidnej-03.jpg

Тој доаѓа зад него, го соборува, му ја одзема пушката и ја вперува во него, а кога напаѓачот ќе избега, човекот го остава оружјето до дрво за да покаже на полицијата дека е безопасен.

Човекот покажа вистински херојски потег и го загрози својот живот, со цел да спаси што повеќе други животи, нешто што ретко кој би го направил.

Подоцна се дозна дека станува збор за човек по име Ахмед Ал Ахмед, 43-годишен трговец со овошје од Сиднеј, кој има своја продавница.

Херојот е и татко на две деца, а по настанот, беше пренесен во болница на операција, заради прострелните рани со кои се здобил претходно.

ima-svoja-prodavnica-za-ovoshje-i-e-tatko-na-dve-deca-herojot-koj-go-rizikuvashe-svojot-zhivot-za-da-go-sobori-napagjachot-vo-sidnej-02.jpg

Неговиот братучед Мустафа, за австралиските медиуми рано утрово изјавил:

„Тој е херој, 100% херој. Тој има две рани, една на раката и една на дланката. Се надевам дека ќе биде добро, го видов синоќа. Беше добро, но чекаме да видиме што ќе каже докторот“, пренесува BBC

Инаку, од полицијата потврдија дека напаѓачите се татко и син, на возраст од 50 и 24 години, постариот маж починал на лице место, а помладиот е во болница во критична состојба.

Австралијанските власти, но и сите луѓе на интернет од целиот свет, пишуваат за храброста на Ахмед, која не познава граници ниту вера.

И американскиот претседател Доналд Трамп изрази голема почит кон него, велејќи:

„Тоа е многу многу храбра личност, буквално отиде и нападна еден од напаѓачите, и со тоа спаси многу животи“.

За австралискиот ABC пак, родителите на Ахмед, изјавиле дека тој бил застрелан 4-5 пати во рамото, а неколку куршуми биле заглавени во него.

ima-svoja-prodavnica-za-ovoshje-i-e-tatko-na-dve-deca-herojot-koj-go-rizikuvashe-svojot-zhivot-za-da-go-sobori-napagjachot-vo-sidnej-04.jpg

Нивниот син се преселил во Австралија во 2006-та, а тие дошле од Сирија пред само неколку месеци, па сите претходни години биле раздвоени.

И тие го нарекуваат Ахмед херој и се молат Бог да го спаси.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg