Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубов на Нина Мориќ и сопругот
Иако брзо потоа накратко се смирија, Корона се најде во центар на полициска истрага, а против него беше покрената истрага за уцена на познати личности (се споменува и организирање проституција), па во март 2007 година беше уапсен под обвинение за изнуда.
Иако прво го поддржуваше, Нина одлучи да го прекине бракот.

Во тоа време, таа беше спомената и во контекст на истрагата поради сомневање за перење пари, но обвиненијата сепак се отфрлени.
Фабрицио, пак, дознал за барањето за развод во затворот.
Фабрицио Корона денес
По два месеци затвор, тој бил префрлен во домашен притвор, а потоа се обидел да се смири со Нина.
Разводот беше проследен со долги конфликти и меѓусебни обвинувања.
Нина го обвини Корона за киднапирање и експлоатација на нивниот син.

Фабрицио и нивниот син, подоцна ја обвинија Нина за кражба, тврдејќи дека наводно влегла во станот на Фабрицио со покриено лице и зела 50 илјади евра.
И по долги години разделеност, „војната“ меѓу нив продолжува.

Во октомври 2025 година, Нина јавно ја обвини Корона преку социјалните мрежи дека е целосно отсутен од животот на својот син и дека таа е единствената што се грижела за него „повеќе од една година“, вклучувајќи ги финансиите.
23-годишниот Карлос денес живее со Нина, нема свои приходи а, според неа, „има психолошки тешкотии што бараат грижа и трошоци што ги покрива самата“.
Денес, Корона е во врска со моделот Сара Барбиери, со која доби дете во 2024 година, а Нина Мориќ нема партнер.

Прочитајте и „Убив две деца зашто поранешниот го бараше тоа, иако веќе им имаше дадено имиња“ - Нина Мориќ за скандалозниот брак
А. Ј. | Црнобело
