Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како живее Барон Трамп?
Кога семејството се пресели во Белата куќа во 2017 година, по првиот избор на Доналд за претседател, Барон добил свој приватен простор во резиденцијата.
Претходно, тој го посетувал престижното училиште „Колумбија“ во Менхетен, а за време на неговата последна година таму, самиот финансирал патување за целиот свој клас во Вашингтон.
Подоцна се запишал во епископското училиште „Св. Андреј“ во Мериленд, каде што годишната школарина е 50.000 долари.
Откако семејството се преселило во Мар-а-Лаго, Барон го продолжил своето образование на академијата „Оксбриџ“ во Палм Бич.
Неговите врсници тврдат дека таму бил речиси невидлив - делумно поради договор со училиштето да не се откриваат информации за него, но и затоа што наводно користел лажно име - Џек.
Денес, Барон студира на Универзитетот во Њујорк, а според најновите информации, тој моментално посетува часови на кампусот на Универзитетот во Вашингтон, недалеку од Белата куќа.

На почетокот на годината се појавија гласини дека има девојка, а извор за News Nation изјавил:
„Барон има навистина убава девојка и поминува многу време со неа“.
Претходно, корисничка на ТикТок по име @madditude, тврдела дека одела на училиште со Барон и дека биле пар како деца.
„Кога Трамп стана претседател, тој го донесе целиот клас во Белата куќа“, вели таа во едно од видеата.
@maddatitude ♬ Hatchback - Cochise
Иако нејзините тврдења не се потврдени, познато е дека посетата на класот навистина била организирана.
Меди, пак, тврди дека Барон бил нејзиното прво момче и со него го имала првиот бакнеж.
И покрај тоа што сè уште студира, Барон е еден од најбогатите тинејџери во светот.
Неговото богатство се проценува на над 150 милиони долари, според Форбс.
Трамп, пак, изјавил дека токму Барон му го открил светот на криптовалутите и дека во 2024 година, Барон ја ко-основал крипто-компанијата World Liberty Financial со својот татко и браќата.
По изборната победа на Трамп, вредноста на компанијата скокнала, а семејното богатство се зголемило за повеќе од 1,5 милијарди долари.
Околу 10 проценти од ова, или 150 милиони долари, му припаѓаат на Барон.
Но, јавноста има поделени мислења за Барон. Едни го фалат што води свој живот и не зависи од татко му, а други се скептични и велат дека „крушата под круша паѓа“.
„Изгледа злобно... му недостасува наметка и заби“, коментираат на социјалните мрежи, споредувајќи го Барон со грофот Дракула.
