Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како живее Барон Трамп?

Барон ни како дете не носел тренерки, туку од мал сакал да облекува костуми, како својот татко. Кога се родил, добил златна количка од Елен Деџенерес на подарок. Што знаеме за најмалиот син на Доналд Трамп, кој се крие од јавноста?

od-melanija-nauchi-slovenechki-mu-stavala-kremi-so-kavijar-koga-bil-dete-kako-zhivee-baron-tramp-01.jpg

Барон Трамп (19), најмладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп, деновиве е повторно во центарот на вниманието, иако и тој и неговото семејство се обидуваат да го држат подалеку од јавноста и медиумите.

Причината за ова е тоа што Барон бил вклучен во судење во Лондон, за настан кој се случил во јануари 2025 година.

Во судот во Источен Лондон бил прочитан транскрипт од повикот на Барон до британската полиција - тој се јавил во службите за итни случаи од САД, откако наводно бил сведок на напад на ММА борец врз негов пријател, и тоа преку видео повик.

Иако судењето е сè уште во тек, јавноста повторно покажа интерес за животот на единственото дете на Доналд и Меланија.

od-melanija-nauchi-slovenechki-mu-stavala-kremi-so-kavijar-koga-bil-dete-kako-zhivee-baron-tramp-09.jpg

Што знаеме за Барон Трамп?

Тој е петтото и најмладо дете на Доналд.

Уште од најрана возраст Барон е опкружен со луксуз кој повеќето не можат ни да го замислат.

Кога се родил, тој добил златна количка од Елен Деџенерес на подарок, а во пентхаусот на неговите родители на Менхетен, вреден 100 милиони долари, имал цел кат само за себе.

На катот Барон имал своја спална соба, дневна соба, кујна, но и соби за неговата мајка, Меланија, и дадилките.

Кога имал 7 години, Барон ја користел линијата на козметика на неговата мајка збогатена со кавијар - Caviar Complexe C6.

Во тоа време Меланија изјавила дека секоја вечер по капењето го мачкала синот со врвниот хидратантен крем.

„Му го ставам од глава до пети. Го обожава“, рекла таа.

Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се облекува во костуми, како својот татко.

И покрај богатството, поради близината со баба му и дедо му од Словенија (родителите на Меланија), тој пораснал уживајќи во традиционални словенечки јадења што му ги подготвувала неговата покојна баба Амалија Кнавс.

Благодарение на неговата мајка и нејзиното семејство, тој течно зборува словенечки и има големо познавање на францускиот јазик.

od-melanija-nauchi-slovenechki-mu-stavala-kremi-so-kavijar-koga-bil-dete-kako-zhivee-baron-tramp-02.jpg

Во 2012 година, Меланија го опишала својот син како момче со „многу силен карактер, паметно и посебно кое знае што сака и има свое мислење“.

Таа низ годините често велела дека нејзината најважна работа е да биде добра мајка.

„Јас сум мајка со полно работно време. Тоа е мојата прва и најважна работа. Сакам да бидам вклучена во неговиот живот.

Барон има девет години и му треба родител, па затоа сум со него цело време. Мојот сопруг често е на пат“ - рекла таа во интервју во 2015 година.

od-melanija-nauchi-slovenechki-mu-stavala-kremi-so-kavijar-koga-bil-dete-kako-zhivee-baron-tramp-03.jpg

Но, таа го фалела и Доналд како татко, велејќи дека кога тој бил дома, секогаш го почнувал денот разговарајќи со Барон“.

И самиот Трамп кажал дека со Меланија не сакале премногу надворешна помош во воспитувањето на синот.

„Ако имате премногу дадилки, нема да го запознаете сопственото дете“, изјавил тој.

od-melanija-nauchi-slovenechki-mu-stavala-kremi-so-kavijar-koga-bil-dete-kako-zhivee-baron-tramp-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg