Ралф Шумахер ќе се венча со помладиот дечко - свадба во Франција, бившата која правеше драми сега јавно му честита
- Детали
- среда, 11 февруари 2026
19 месеци откако откри дека е во геј врска, и по бројни јавни обвинувања со поранешната сопруга Кора, помалиот брат на Михаел Шумахер вторпат ќе застане пред олтар, овој пат со маж. Неговото семејство, наводно е пресреќно за него.

Поранешниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер (50), повторно ќе застане пред олтарот, но овој пат со маж.
По бурниот развод од сопругата Кора, помалиот брат на Михаел Шумахер, во мај ќе се венча со својот партнер Етјен Буске-Касањ (36).

Тој го откри ова 19 месеци откако јавно објави дека се во врска.
Веста за свршувачката, според Daily Mail, предизвикала радост во семејството Шумахер, но сите се изненадени бидејќи поранешната сопруга Кора му испрати јавна честитка и му посака среќа во новиот брак.

Кора и Ралф водеа медиумска војна последните години, со обвинувања и изнесување валкани тајни од нивниот брак.
Според германскиот весник Bild, свадбата ќе се одржи на југот на Франција, а прославата во Сен Тропе, каде што двојката го поминува поголемиот дел од годината.

Наводно, прославата ќе трае дури три дена.
Ралф објави дека е во врска со Етјен во јули 2024 година и тогаш првпат јавно призна дека е геј.

Во тоа време неговата поранешна сопруга изјавуваше дека не знаела ништо за неговата хомосексуалност и дека ако била свесна за тоа, немала да стапи во брак со помалиот брат на Михаел Шумахер.
По ова Ралф ја демантираше, велејќи дека таа знаела за неговата врска со Етјен, по што почна медиумската војна.

И покрај острите зборови и јавните обвинувања по нивниот развод, Кора покажа неочекувана великодушност, па по веста за свадбата, му испрати на својот поранешен сопруг честитка, и тоа токму преку германскиот весник.
„Стивен и јас им посакуваме на Ралф и Етјен сè најдобро и многу среќа“, рекла Кора за Bild.
