„Живееме на трoпски остров со 100 плажи и 30˚C, но постои мрачна страна - бездомните кучиња“
Се проценува дека има околу 57.000 улични кучиња, според глобалната хуманитарна организација Humane World for Animals.
Според нив, проблемот главно произлегува од неконтролирано размножување, бидејќи многу сопственици не ги стерилизираат своите кучиња.

Долги години, одговорот на владата бил нивно уништување, а во еден период биле убивани околу 2.000 месечно.
Во 2016 година, вознемирувачки снимки од фаќање и убивање кучиња предизвикале пресврт.

Па, во 2018 година, организацијата соработувала со владата за отворање на првата клиника за стерилизација, со цел стерилизација на 10.000 кучиња.
Иако соработката завршила во 2022 година, неколку локални организации продолжуваат со работата.
Ема Пламб (48) од Велика Британија, која работи за невладината организација, вели:
„Кога првпат дојдов во Маурициус, тоа што го видов беше срцепарателно. Имаше многу изгладнети и лошо третирани кучиња.
Сум слушнала приказни за кучиња кои биле запалени или полеани со масло – ужасно.

Сепак, работите се подобруваат. Минатата година, владата воведе задолжително микрочипирање и регистрација на кучињата, како и соработка со невладини организации за подобрување на програмата за стерилизација.
Владата сфати дека проблемот има негативно влијание врз туризмот, особено за земји каде луѓето многу ги сакаат животните“.

С. С. | Црнобело
