Не крие дека е геј, има свршеник од Аргентина: Кој е новиот (и најмладиот) премиер на Холандија?
- Детали
- вторник, 24 февруари 2026
Роб Јетен вчера официјално стана премиер на Холандија, откако победи на изборите во октомври. Со ова, Роб е најмладиот, но и првиот премиер на Холандија кој е отворено геј. Што знаеме за него?

Вчера (23.02) Роб Јетен официјално ја презеде функцијата премиер на Холандија.
38-годишниот Роб е најмладиот премиер во историјата на Холандија, но и првиот премиер кој е отворено геј.
Неговата партија Democrats 66 (или D66) победи на изборите во октомври минатата година.
Роб, чие целосно име е Роб Арнолдус Адрианус Јетен, е роден на 25 март 1987-ма, во гратчето Вехел, но детството го поминал во Уден.
Студирал на универзитетот Radbound каде што завршил додипломски и магистерски студии.
Политичката кариера ја започнал како советник во неговата партија D66, а во 2018 станал и парламентарен лидер на D66 во Претставничкиот дом.
Тогаш 31-годишниот Роб станал најмладиот парламентарен лидер во историјата на партијата, а холандските медиуми го критикуваа поради возраста.
Потоа во 2022, Роб станал министер за клима и енергетика, а во 2023-та стана и лидер на партијата D66.
Како што веќе спомнавме, Роб е првиот премиер на Холандија кој е отворено геј.
Тој е во врска со аргентинскиот спортист Николас Кенан кој, пак, е бисексуалец.
Во врска се од 2022 година, а се свршија во 2024-та, но засега не е познато дали планираат да стапат во брак.
Инаку, истополовите бракови во Холандија се легални од 2001 година.
Откако победи на изборите, Роб поретко споделува приватни фотографии на неговиот Инстаграм профил и повеќе се фокусира на кариерата.
Но, претходно споделуваше доста фотки со свршеникот. Неговиот партнер, од друга страна, почесто објавува заеднички фотографии.
