„Станав инфлуенсерка - соседите ме нарекуваат ѕвезда од маало и ме озборуваат за гратис одморите“
- Детали
- среда, 25 февруари 2026
„Забременив млада и напорно работев за да си ги платам сметките. Сега, не ме интересираат хејтерите што ме нарекуваат локална славна личност што не работи, сè ѝ е бесплатно, оди на гратис одмори и се фали дека ослабела. Сама постигнав сè!“

Керол Рис од Велика Британија за себе вели дека е инфлуенсерка и дека остварува соработки, иако има само 9.000 следбеници на Инстаграм.
Вели дека нејзина цел е да им помогне на жените над 40 години да се чувствуваат убаво, самоуверено и слободно да си објавуваат фотографии на своите профили на социјалните мрежи.

Но, градењето на своја инфлуенсерска мрежа вели дека ѝ донело и навредливи и злобни коментари од луѓе што живеат во нејзина близина во градот Кардиф во Велс, Велика Британија, каде што живее.

Во објава на Инстаграм, Карол сподели скриншоти од Фејсбук во кои некои соседи ја нарекуваат локална славна личност и се жалат на нејзините постојани одмори, модни комбинации, шминка и објави за слабеењето, тврдејќи дека заработува пари и добива работи бесплатно без „вистинска работа“.
Еден коментар гласел:
„Отследувањето на оваа личност од социјалните мрежи е најдобрата работа… Не можам повеќе да ја поднесам локалната славна личност што постојано објавува за одмори, облека, шминка, колку ослабела и колку е прекрасна и фантастична.
Чао, љубов – не ти требаат социјални мрежи, доволно се сакаш самата. Или можеби ти требаат затоа што те прават славна и ти носат пари без да работиш како нас останатите“.

Одговарајќи на критиките, Керол напиша:
„Моите соседи ме мразат… Да, ова се моите соседи!“

Таа истакна дека да се биде обвинет дека се сакаш премногу - не е навреда во 2026 година и додаде дека е горда на животот што го изградила и на сето тоа што го постигнала сама.
„Станав мајка многу млада и работам од многу млада…
Дури и доставував кинеска храна во деветти месец бременост за да платам сметки“, вели таа.

На хејтерите им порача дека слободно можат да ја отследат ако нејзините профили прават да се чувствуваат непријатно.
Во меѓувреме, имаше и луѓе што застанаа во нејзина одбрана, истакнувајќи дека инфлуенсерите работат напорно, често повеќе од класично работно време од 9 до 17 часот, и дека нивната работа не е толку лесна како што изгледа од страна.

Еден од нејзините поддржувачи вели:
„Љубомората е болест, продолжи да бидеш тоа што си – има причина зошто успеваш...“