Вознемирувачко видео: Татко од бес си го фрли детето во река, среде жестока расправија со сопругата
- Детали
- среда, 25 февруари 2026
Разгневен и непромислен татко од Кина го згрози светот со своето однесување. Потоа, се покаја и скокна да го спасува своето семејство, но случајот можеше да заврши кобно. Видео што е поука како не треба!

Татко од Кина среде бес и нервоза го фрли своето дете од мост во река.
Страшниот момент беше уловен на камера, а видеото се прошири вирално и го згрози цел свет.
Шокантните снимки го прикажуваат човекот кој во жестока расправија со својата сопруга, во момент на лудило, го зема детето и го фрла во реката.

Детето веднаш исчезнува под површината.
Мајката гледа запрепастено, пред да се искачи преку оградата и да скокне во реката, очајно обидувајќи се да стигне до своето дете.

Сфаќајќи ја сериозноста на своите постапки, таткото скокнува веднаш потоа, додека на мостот, второто дете вика во ужас.
Според извештаите, парот застанал на мостот кога нивната расправија почнала да излегува од контрола.

Потресените сведоци брзо реагирале, пријавувајќи го случајот во надлежните институции, викајќи помош и обидувајќи се да помогнат.
Според извештаите, тројцата се мачеле во водата неколку минути.

За среќа, сите тројца биле извлечени на сигурно и повторно обединети на суво со второто дете.
Сè уште нема информации дали полицијата истражува за инцидентот.

Но, да се надеваме дека ова е една поука за непромислениот татко, кој непотребно го ризикувал животот на членовите од своето семејство.
Буквално за секоја осуда!
Видеото погледнете го на линкот ТУКА...
С. С. | Црнобело