Вознемирувачко видео: Гондола паѓа и се тркала по падина во ски-центар во Швајцарија
- Детали
- среда, 18 март 2026
„Мораа да реанимираат едно лице околу 30 минути. Сцената беше шокантна. Имаше силен ветер. Потоа следеше тресење...“, споделува очевидец за швајцарските медиуми.

Гондола се откачи и падна во ски-центар во Швајцарија поради силен ветер, a видео снимки од очевидци, кои се појавија во медиумите 20 Minuten и Blick, прикажуваат како изгледал овој страшен инцидент.
На снимката се гледа како гондолата се превртува неколку пати додека се тркала по снежната падина.
Надлежните го потврдија инцидентот, но сè уште не е познато дали и колку луѓе имало во гондолата.
Според некои информации, во несреќата е повредено најмалку едно лице, но засега нема официјални информации за евентуални други жртви.
Еден очевидец го опиша настанот за „Blick“:
„Мораа да реанимираат едно лице околу 30 минути. Сцената беше шокантна. Имаше силен ветер. Потоа следеше тресење и јажето се помести“, изјави тој. Потоа кабината се урнала.
Друг очевидец изјавил за „20 Minuten“ дека преку разглас било соопштено дека патниците во останатите гондоли се безбедни, но дека операцијата ќе потрае и треба да останат мирни.
Погледнете го вознемирувачкото видео:
С. С. | Црнобело
