Кој ја направил фотката од Стивен Хокинг и девојки во бикини од документите на Епстин (и во каков однос бил со педофилот)?

На стар блог на Фондацијата на Џефри Епстин има и објава за настанот според која гостите можеле да се запознат едни со други, да разговараат, да се релаксираат на плажата, но и да отпатуваат до приватниот остров на Епстин.

koj-ja-napravil-fotkata-od-stiven-hoking-i-devojki-vo-bikini-od-dokumentite-na-epstin-i-vo-kakov-odnos-bil-so-pedofilot-08.JPG

Оттука се претпоставува дека гостите поминувале време и на приватниот остров на Епстин кој е исто така на Карибите.

И во 2015 година беше објавена фотографија од Министерството за правда на која се гледа Стивен Хокинг во друштво на неколку луѓе, веројатно во склоп на истиот настан.

koj-ja-napravil-fotkata-od-stiven-hoking-i-devojki-vo-bikini-od-dokumentite-na-epstin-i-vo-kakov-odnos-bil-so-pedofilot-02.JPG

Има и друга фотографија на која се гледа Стивен Хокинг во подморница, наводно на екскурзија околу островот на Епстин.

koj-ja-napravil-fotkata-od-stiven-hoking-i-devojki-vo-bikini-od-dokumentite-na-epstin-i-vo-kakov-odnos-bil-so-pedofilot-03.JPG

Покрај фотографиите, Стивен Хокинг беше обвинет за „учество во оргија со малолетници“ на островот на Епстин, од страна на Вирџинија Џуфре – најпозната жртва на педофилот.

Според документите, во 2019-та, ФБИ добиле дојава од личност која тврдела дека го видела Хокинг со Епстин во геј клуб.

„Ги гледал вестите и видел двајца истакнати мажи кои биле во клубот во 2011-та. Рече дека тогаш не знаел кои се. Тврдеше дека таму се случувале многу работи.

Рече дека Епстин и Стивен Хокинг биле таму, како и неколку девојки од Русија. Ги препознал од вестите“, стои во документот.

Сепак, ова е само тврдење на непозната личност и не е докажано дали е точно.

koj-ja-napravil-fotkata-od-stiven-hoking-i-devojki-vo-bikini-od-dokumentite-na-epstin-i-vo-kakov-odnos-bil-so-pedofilot-05.JPG

Името на Стивен Хокинг се појавува над 250 пати во документите на Епстин.

Сепак, важно е да се нагласи дека тоа што нечие име се наоѓа во документите, не значи дека направил нешто погрешно.

Според документите што се достапни за јавноста, засега нема докази дека Стивен Хокинг навистина бил еден од силувачите.

Хокинг е всушност еден од многуте научници кои биле блиски со Епстин само затоа што тој себеси се нарекувал „филантроп за наука“.

Со години, Епстин донирал милиони за наука, а се шпекулира дека целосно им финансирал и истражувања.

Откако јавноста дозна за неговата мрачна страна, голем дел од овие научници се дистанцираа од него.

Прочитајте и: Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Спиел со Русинки и се заразил од нив, имал афери со жени во брак: Бил Гејтс спомнат во документите н... Според мејлови кои се објавени во документите од истрагата за Епстин, Бил Гејтс ...
Организирал лажен погреб, бил во затвор за силување: Кој е педофилот што планираше свадба со 9-годиш... Британските медиуми го открија идентитетот на педофилот кој минатата недела проб...
Познати личности, девојки и деца со скриен идентитет: Морничави фотографии од документите на Епстин На некои фотографии се гледаат млади девојки, па и деца во друштво на Епстин, а ...
Сомнителни повреди на вратот, мистериозно видео од затворот: Зошто некои веруваат дека Епстин бил уб... Според реномиран патолог кој сведочел на аутопсијата на Џефри Епстин, потребно е...
Имал шизофренија, мајка му молела да го сместат во институција: Кој е мажот што ладнокрвно уби девој... Кон крајот на минатиот месец, млада Украинка беше ладнокрвно убиена во воз во СА...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg