Кој е Ел Менчо, наркобосот чие убиство предизвика вооружени немири во Мексико?
Мексиканските власти процениле дека неговиот картел имал богатство од околу 50 милијарди долари, додека за самиот Ел Менчо се претпоставувало дека е милијардер.
Притоа, не оперирал само во Мексико, туку во САД, Канда, Европа и делови од Азија.
Неговиот картел станал најголемиот шверцер на хероин, кокаин, метамфетамин и фентанил.
Преку картелот тој имал извршено и неколку напади на мексикански институции за безбедност, а користел современо оружје, како фрлање експлозиви со дронови.
Во 2015-та, Ел Менчо дури се осмелил да собори и мексикански воен хеликоптер.
Покрај бизнисите со дрога, картелот заработувал и преку кражби, финансиски измами, изнудување пари…
Нормално, надлежните биле свесни за Ел Менчо и, како што спомнавме, имал статус на најбарана личност во Мексико.
Беше барана личност и во САД и надлежните нудеа и до 15 милиони долари за каква било информација која ќе доведе до негово апсење.
Полицијата успеала да го лоцира следејќи ја неговата партнерка до неговото скривалиште во Мексико.
Кога Ел Менчо сфатил што се случува, сакал да побегне со двајца телохранители, но почна престрелка со мексиканската полиција.
Ел Менчо бил застрелан и починал кратко откако го привеле.
По неговата смрт, членовите на неговиот картел изреагираа бурно – блокираа патишта, палеа автомобили и извршиле напади на неколку места низ Мексико.
Ситуацијата брзо ескалира, па многу земји, вклучувајќи ја и Македонија, им порачаа на своите жители да го напуштат Мексико.
Засега не е познато што ќе се случува со картелот и кој ќе го наследи водството на Ел Менчо.
Спирова С. | Црнобело
