Кој е Ел Менчо, наркобосот чие убиство предизвика вооружени немири во Мексико?

Потекнувајќи од сиромашно семејство кое одгледувало авокада, Ел Менчо нелегално се преселил во САД од каде што бил депортиран неколкупати. Кога се вплеткал во организираниот криминал во Мексико, успеал да стане лидер на картел, но и најбараниот човек во неговата родна земја.

koj-e-el-mencho-narkobosot-chie-ubistvo-predizvika-vooruzheni-nemiri-vo-meksiko-01.jpg

Пабло Ескобар уште долго ќе се помни како најпознатиот наркобос во светот. Колумбиецот, познат и како „кралот на кокаинот“ направил империја со шверц на дрога, а своевремено бил и меѓу најбогатите луѓе во светот.

Но, Ескобар не е единствениот наркобос кој ќе остане запомнет.

Кога е во прашање организираниот криминал во Мексико, се истакнуваат неколку имиња, како Ел Чапо кој одлежува затворска казна, а претходно двапати успеа да избега од затвор.

Но, овде е и Немесио Осегура Сервантес, попознат како Ел Менчо чие убиство во февруари годинава предизвика низа жестоки судири низ Мексико.

Ел Менчо „уживаше“ во статусот на најбарана личност во Мексико и една од најбараните личности во САД, а беше убиен на 22-ри февруари од страна на мексиканската полиција.

koj-e-el-mencho-narkobosot-chie-ubistvo-predizvika-vooruzheni-nemiri-vo-meksiko-02.JPG

Што знаеме за озлогласениот наркобос?

Роден во 1966 година во Мексико, Ел Менчо потекнувал од сиромашно семејство кое одгледувало авокада.

Се отпишал од училиште во петто одделение за да му помага на семејството, а до 14-годишна возраст почнал да работи како чувар на плантажа за марихуана.

Ел Менчо сонувал за подобар живот, па решил нелегално да влезе во САД во 1980-тите. За да се скрие, користел низа разни идентитети имиња.

Првпат бил уапсен во 1986 година, додека живеел во Сан Франциско, и тоа за кражба и поседување наполнет пиштол. Тогаш имал само 19 години.

koj-e-el-mencho-narkobosot-chie-ubistvo-predizvika-vooruzheni-nemiri-vo-meksiko-07.JPG

Кон крајот на 1980-тите, Ел Менчо неколкупати нелегално ја преминал границата на САД и Мексико, користејќи лажни имиња, а се претпоставува дека овој период се вклучил во шверцот на метамфетамин.

Оттогаш, Ел Менчо бил апсен безброј пати.

Во 1989 бил уапсен за продавање дрога и бил депортиран во Мексико, но повторно се вратил во САД, и тоа во Сан Франциско.

Бил уапсен и за продажба на хероин, одлежал 3-годишна затворска казна и повторно бил депортиран во Мексико.

koj-e-el-mencho-narkobosot-chie-ubistvo-predizvika-vooruzheni-nemiri-vo-meksiko-06.JPG

Овој пат не се вратил во САД, туку решил да стане локален полицаец. Сепак, набрзо потоа се откажал од новата професија и му се приклучил на картелот Миленио.

За да си ја зајакне позицијата, се венчал и со една од сестрите на лидерот на картелот.

Ел Менчо ја почнал „кариерата“ како убиец кој штител друг наркобос. По неговото апсење во 2003-та, Ел Менчо се преселил во Гвадалахара со двајцата лидери на картелот.

Овде, направиле алијанса со друг моќен картел – Синалоа – на чие чело бил добро познатиот Ел Чапо.

koj-e-el-mencho-narkobosot-chie-ubistvo-predizvika-vooruzheni-nemiri-vo-meksiko-05.JPG

По неколку години (и многу драми и убиства) Ел Менчо станал лидер на картелот и успеал да го претвори во една од најголемите криминални групи во Мексико.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
Се пресели во Мексико и заврши во затвор, има шизофренија - Пропаста на руската лизгачка Елена Гуљак... На врвот на кариерата со сопругот и тренер се пресели во Мексико, каде што отвор...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била... „Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На поче...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg