Почина Чак Норис на 86-годишна возраст, откако итно бил хоспитализиран во Хаваи
- Детали
- петок, 20 март 2026
Американскиот актер познат по своите боречки улоги и шегите за неговата моќ кои беа бесконечни, почина на 86-годишна возраст, потврди семејството: „Со тешко срце нашето семејство ја споделува веста за ненадејното починување на нашиот сакан Чак Норис“.

Вчера, на 19.03.2026 година, ненадејно почина Чак Норис на 86-годишна возраст.
Американскиот актер беше најпознат по својата улога во „Тексашки ренџери“, а беше постојано инспирација за вицеви и шеги за неговата боречка моќ, заради боречките улоги кои ги имаше.
Во последните 24 часа, според извори на TMZ, тој бил ненадејно хоспитализиран од засега непозната причина, но наводно бил добар.
Сепак, неговото семејство денес потврди дека Чак Норис починал вчера, a веста ја објавија на неговиот Инстаграм профил, со емотивен текст.
„Со тешко срце, нашето семејство ја споделува веста за ненадејното починување на нашиот сакан Чак Норис, вчера утрото.
Иако сакаме околностите за смртта да ги сочуваме во приватност, сепак знајте дека беше опкружен со семејството и во мир.
За светот, тој беше мастер во боречки вештини, актер и симбол за сила. За нас, беше посветен сопруг, сакан татко и дедо, неверојатен брат и срцето на нашето семејство.
Го живееше својот живот со вера, цел и посветеност на луѓето кои ги сакаше. Преку својата работа, дисциплина и љубезност, инспирираше милиони низ светот и остави траен печат во многу животи
Иако нашите срца се скршени, длабоко сме благодарни за животот што го живееше и за незаборавните моменти кои ги делевме со него. Љубовта и поддршката кои ги добиваше од фановите низ светот му значеа многу, а нашето семејство е вистински благодарно за тоа. За него, не бевте само фанови, бевте негови пријатели.
Знаеме дека многу од вас слушнаа за неговата хоспитализација и благодарни сме за вашите молитви и поддршка кои ги праќавте.
Додека жалиме за загубата, љубезно ве замолуваме за приватност во овие времиња.
Ви благодариме што го сакавте со нас.
Со љубов,
Норис семејството“.