Ја обвинуваа дека е жена со џуџест раст, која лаже дека е дете: Каде е денес Наталија Грејс?

ja-obvinuvaat-deka-e-zhena-so-dzhudzhest-rast-koj-lazhe-deka-e-dete-kade-e-denes-natalija-grejs-12.JPG

Во последната епизода се гледа како продуцентите на документарецот добиваат повик од Антвон кој им вели:

„Нешто не е во ред со Наталија. Се однесува чудно. Се чувствувам како во нашиот дом да има непријател.

А, таа ни рече дека сме ја држеле како заложник. Направи да изгледаме како ние да сме непријателот“.

Потоа на телефонот се слуша и Синтија:

„Наталија забоде нож во грбот на семејството за потполна лага!

Има направено и други работи, но ова е ново дно. Наталија нема емоции за ништо друго, освен за себеси“.

ja-obvinuvaat-deka-e-zhena-so-dzhudzhest-rast-koj-lazhe-deka-e-dete-kade-e-denes-natalija-grejs-10.JPG

На крај, Антон вели дека повеќе нема да се справуваат со неа.

Не е познато на што точно мислеле Антон и Синтија, но во 2025-та, за магазинот People, Наталија сподели дека сега се подготвувала да живее самостојно.

Учела за возачки испит, а се подготвувала и да студира бидејќи сакала да стане наставничка.

„Јас сум девојка која сака деца во иднина сакам да стапам во брак и да станам маја. Подготвена сум да продолжам со мојот живот“.

ja-obvinuvaat-deka-e-zhena-so-dzhudzhest-rast-koj-lazhe-deka-e-dete-kade-e-denes-natalija-grejs-13.JPG

Денес Наталија живее со поволно друго семејство, а што се однесува до Кристин и Мајкл, првиот пар која ја посвои, вели дека сигурно ѝ го испрале мозокот.

„Кристин ме тераше да лажам за мојата возраст и да кажувам дека сум пробала да си ги убијам родителите.

Зошто некој би му го направил тоа на своето дете?“, сподели за People минатата година.

И покрај толку интервјуа, емисии, па и документарци, целата ситуација со Наталија и двете семејства што ја посвоија уште претставува енигма.

ja-obvinuvaat-deka-e-zhena-so-dzhudzhest-rast-koj-lazhe-deka-e-dete-kade-e-denes-natalija-grejs-09.JPG

Колк години има Наталија?

Според нејзиниот извод на раѓање, Наталија денес има 21 година. Но, ако им се верува на Мајкл и Кристин, тогаш Наталија е родена во 1989 година, па денес има 35 години.

Во 2023 година беше направен тест со анализа на крв според кој Наталија денес има околу 22 години.

Според Наталија, ова е доволен доказ дека отсекогаш ја зборувала вистината:

„Поради ова мало ливче хартија, секоја лага на Мајкл и Кристин паѓа во вода. Ова докажува дека не лажев за мојата возраст“.

ja-obvinuvaat-deka-e-zhena-so-dzhudzhest-rast-koj-lazhe-deka-e-dete-kade-e-denes-natalija-grejs-04.JPG

Зошто ги тужи Disney и Hulu?

Во март 2025-та, почна да се емитува серијата Good American Family со Елен Помпео во главната улога. И, целата серија е инспирирана од чудниот случај на Наталија.

Но, Наталија сметала дека серијата ја прикажува во лошо, погрешно светло, па сега ги тужи Disney и Hulu за клевета.

„Серијата ги тера гледачите да веруваат дека Наталија е измамник, опасна личност, манипулативна и неискрена, дека не е дете и дека е личност која е одговорна за насилство“, стои во тужбата.

ja-obvinuvaat-deka-e-zhena-so-dzhudzhest-rast-koj-lazhe-deka-e-dete-kade-e-denes-natalija-grejs-03.JPG

Иако на почетокот од секоја епизода е нагласено дека серијата покажува некои перспективи и не мора да значи дека е апсолутна вистина, Наталија сепак сметала дека ова не е доволно.

„Серијата не е фиктивна приказна за измислени личности. Ова е драматизација за вистинскиот живот на Наталија, нејзиниот идентитет, нејзиното име, нејзината историја и нејзиниот јавен случај.

Во серијата се користат вистински личности, вистински обвиненија и вистински контроверзии поврзани со Наталија“.

Наталија ја поднела тужбата во март годинава и засега не е познато што ќе биде следно.

ja-obvinuvaat-deka-e-zhena-so-dzhudzhest-rast-koj-lazhe-deka-e-dete-kade-e-denes-natalija-grejs-14.JPG

Прочитајте и: Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на Наталија Грејс

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg