Стјуардеса на суперјахти со детали за богаташите и мрачната страна - стигнала и до Црна Гора, плата 7.000 евра

„Има долги работни часови, напорни гости и живот во мали кабини – тоа е точно.
Но, во реалноста има уште поголем притисок бидејќи гостите плаќаат огромни суми и очекуваат апсолутна дискреција“.
Меѓу поекстремните случки, таа се сеќава на гостин кој по ноќно лудување скокнал во море и го изгубил својот скап часовник, вреден повеќе од автомобил.
Друг богат гостин инсистирал јахтата да исплови среде ноќ само за да се разбуди во друга држава за појадок.
Што се однесува до заработката, Раиса вели дека таа многу варира.

„На помала јахта заработував околу 2.500 евра месечно, а на поголеми – и до 7.000 евра месечно“.
На големите јахти, бакшишот можел да достигне и до 30.000–50.000 евра по сезона, но сè зависело од позицијата и видот на гостите.
Сепак, таа истакнува дека системот не е секогаш транспарентен, бидејќи бакшишот го распределува капетанот, па екипажот мора да верува дека распределбата е фер.
„Некои сопственици на ваков тип на бизниси се многу дарежливи – сум видела да се подаруваат луксузни часовници, па дури и автомобили. Но, има и случаи каде екипажот се бори да биде целосно исплатен,“ додава таа.
Иако сместувањето, храната и патувањата обично се покриени, работата значи да си достапен 24/7, со многу малку приватно време.
По пет години на море, Раиса ја напуштила оваа работа и сега гради сопствен бренд онлајн.
С. С. | Црнобело
