„Одвратно е што носиш толку дијаманти“ – Богат дечко ги критикува Сабаленка и Тамара Калиниќ, тие му вратија (видео)
- Детали
- вторник, 14 април 2026
Вирално кружи хит видео: „Вие словенските народи многу се докажувате, вриштите со накит“ – вели дечкото кој се претставува како богат, за тенисерката која неодамна беше запросена со огромен дијамантски прстен од пола милион долари, а Арина Сабаленка и Тамара Калиниќ му вратија: „Која словенска девојка те повредила толку? Ќе бидеш добро“.

На социјалните мрежи кружи вирално видео, направено од Белгиецот Арис, кој на Инстаграм и ТикТок е познат под името „The European kid“, а прави шеговити видеа на разни теми.
Арис се прикажува како богат дечко, кој се застапува за „old money“ стилот на живот, односно тивок луксуз.
Овој пат, тој се обидува во ресторан, на најпознатата светска тенисерка од Белорусија, Арина Сабаленка, да ѝ каже дека носи премногу дијаманти и дека накитот „вреска“.
Со неа на маса освен српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ, седи и нејзиниот свршеник, кој неодамна ја запроси со огромен дијамантски прстен од 500.000 долари, кој таа го носи и на теренот, за да им пречи на противниците.

Во видеото, кое Арис сам го објавил, тој ѝ вели:
„Носиш премногу дијаманти, како да сакаш да се фалиш постојано, не си таква личност.
Ти си „new money“ личност и во ред е, јас сум тука да те едуцирам, како некој кој е „Old money“ личност.
Сакам да знаеш дека е одвратно да шеташ наоколу со толку дијаманти“.

„Јас сум словенска девојка, ние обожаваме вакви работи. Ништо ли не знаеш ти за мода?“ – вели Арина, а Тамара се надоврзува: „Која словенска девојка те повредила толку многу?“

„Не ме повредила словенска девојка, вие словенските народи носите премногу, ова е прегласно“, одговара тој, на што свршеникот на Сабаленка му вели дека веројатно нема доволно пари да си ги дозволи овие нешта па затоа зборува така, а Арис одговара дека има доволно пари за ист таков дијамантски прстен.

На крај, Арина го тапка по рамото и му вели: „Ќе бидеш добро...“, во свој стил, не заморувајќи се за коментарите од страна, бидејќи зрачи со самодоверба и на теренот и надвор од него.
Погледнете го видеото:
Инаку, тој и претходно ѝ има направено „пренк“ видео на Арина, кога во ресторан бара да станат од масата, затоа што тој си ја резервирал за себе, правејќи се дека нема поим која е таа, иако е најпозната тенисерка на светот.
@theeuropeankid21 He tried kick out @Aryna Sabalenka 😅
♬ original sound - Louis
M. M. | Црнобело