Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се закануваат и сега, а полицијата ги штити“

Марија осум денови била во кома, а кога се разбудила, рацете ѝ биле врзани за креветот со лисици.

„Се разбудив и веднаш почнав да мислам на најстрашното. Не ми беше јасно што се случува. Не знаев која сум ниту каде сум. Долго време не можев да си го кажам името.

Не ја препознав ни мајка ми кога ми се јави преку видеоповик. Немав контакт со реалноста. Не можев да спијам, ден и ноќ бев будна, врзана за кревет“.

se-oglasi-devojkata-koja-beshe-najdena-so-skrsheni-race-i-noze-vo-dubai-me-napadnaa-bogatashi-mi-se-zakanuvaat-i-sega-a-policijata-gi-shtiti-02.JPG

Марија вели дека во болницата била заведена со лажно име, со цел да се скрие информацијата дека е таму.

„Иако го имаа мојот пасош, ме запишаа со лажен идентитет. Лежев во болница со друго име, а како дијагноза им имаа запишано некаква инфекција. Бев запишана како 37-годишен пациент.

Мајка ми долго време ме барала, но никој не знаеше каде сум. На крај, сопругата на мојот пријател, која живее во Дубаи, успеа да ме лоцира“.

Според полицијата во Дубаи, Марија влегла на градилиште и паднала од голема височина. Но, таа вели дека ова е обид да се скрие нејзината приказна, а додава и дека третманот што го добивала од надлежните бил ужасен.

„Беа агресивни, доаѓаа навечер за да ме испрашуваат. Ми го одземаа пасошот, ми го земаа телефонот и пробуваа да го отклучат. До денес ми го немаат вратено телефонот.

Ми велат дека ќе ми го дадат ако одам во Дубаи да си го земам. Очигледно, нема да го направам тоа“.

se-oglasi-devojkata-koja-beshe-najdena-so-skrsheni-race-i-noze-vo-dubai-me-napadnaa-bogatashi-mi-se-zakanuvaat-i-sega-a-policijata-gi-shtiti-07.JPG

Во период од четири месеци, на Марија ѝ било забрането да ја напушти земјата додека траела истрагата. Но, иако четирите лица што ја нападнале биле приведени, ги ослободиле за еден ден.

„Кога траеше истрагата ми велеа дека ги прегледувале сите безбедносни камери, но постојано развлекуваат нешто, за на крај да речат дека снимките биле избришани.

Во држава полна со безбедносни камери, овие снимки треба да бидат достапни за само неколку часа. Но, некако, во мојот случај, камерите не работеле, а другите снимки биле избришани.

До денес, четирите лица што ми го направија ова се на слобода. Надлежните не ни пробаа да откријат што се случи. Само го затворија случајот“.

se-oglasi-devojkata-koja-beshe-najdena-so-skrsheni-race-i-noze-vo-dubai-me-napadnaa-bogatashi-mi-se-zakanuvaat-i-sega-a-policijata-gi-shtiti-04.JPG

Марија вели дека во Украина бил отворен случај за трговија со луѓе, но набрзо бил затворен. Таа смета дека нејзините напаѓачи имале силни врски кои им помогнале да ја замолчат.

„Нивните родители имаат бизниси во Дубаи, поврзани се со Русија, а овие семејства кои се милијардери дефинитивно имаат врски што можат да им помогнат“.

Проблемите на Марија не завршила ни откако си заминала од Дубаи. Таа отишла во Норвешка да живее со нејзината мајка, но овде добивала закани од напаѓачите

„Ме контактираа и се заканува дека ќе ми го убијат семејството. Ми испратија порака: ’збогувај се со семејството, ќе те најдеме, ќе дојдеме во Норвешка‘.

По ова се јавивме во полиција и оттаму ни дадоа ’копчиња за итни случаи‘ – ако го притиснеме, полицијата веднаш е информирана.“.

se-oglasi-devojkata-koja-beshe-najdena-so-skrsheni-race-i-noze-vo-dubai-me-napadnaa-bogatashi-mi-se-zakanuvaat-i-sega-a-policijata-gi-shtiti-05.JPG

Иако имаат помош од полицијата, Марија вели дека уште живее во страв.

„Секогаш сум многу внимателна, особено кога патувам. Никогаш не ја споделувам мојата локација бидејќи знам дека овие луѓе можат да ме повредат, а и отворено ми се закануваа дека ќе го направат тоа“.

Иако помина повеќе од една година од нападот, Марија вели дека уште заздравува.

Сега се соочува со компликации како мускулна атрофија, а мора да користи и патерици бидејќи операцијата на едната нога се искомплицирала.

Иако сака да се бори за правда, вели дека здравствената нега ја чини многу, па не е во можност да плаќа и адвокати.

„Една година подоцна, уште ми е нереално. Одново учам да им верувам на луѓето.

Сега можам да одам, но уште користам патерици. Повторно се чувствувам жива и сакам одново да си го изградам животот“.

se-oglasi-devojkata-koja-beshe-najdena-so-skrsheni-race-i-noze-vo-dubai-me-napadnaa-bogatashi-mi-se-zakanuvaat-i-sega-a-policijata-gi-shtiti-03.JPG

Марија има огромна помош од нејзината мајка, а главниот фокус сега ѝ е да се врати на нозе.

Се надева и дека нејзината приказна ќе ја зголеми свесноста за опасноста што демне во Дубаи.

„Тоа е мрачно место кое можеби изгледа како рај, но реалноста е многу поразлична. Овде циркулираат многу пари, а зад овие пари има опасни луѓе.

Ако одите таму, бидете внимателни и не верувајте на никој. Потпирајте се само на себе и осигурете се дека сте на безбедно бидејќи ако ви се случи нешто, полицијата нема да ви помогне“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била... „Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На поче...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...

Најчитани неделава